Турската полиција претходно денеска објави дека уапсила 928 лица ширум земјата осомничени за врски со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), а за време на операцијата се запленети повеќе од 840 парчиња оружје.
Во неделата на 1 октомври двајца напаѓачи извршија бомбашки напад пред зградата на МВР во Анкара, при што двајца полицајци беа полесно повредени.Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група на Курдистанската работничка партија, пренесува Танјуг.