17.8 C
Скопје
03/06/2025 23:26
МАКТЕЛ

   

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

      

Ќе престанат ли премиерот Мицкоски и владините министри конечно со лагите дека врвен државен интерес е членството на Македонија во Европската унија и дека и натаму евроинтеграцијата останува најголемата и цел на оваа власт. Нивната највисока определба е партискиот интерес, а тоа е да победат на локалните избори и да освојат апсолутна власт и да воспостават режим. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира ако не владее авторитарно и ако нема измислени непријатели и предавници. Очигледно е дека предизборната коруптивна кампања е во полн ек со нови задолжувања од стотици милиони евра. Реформите и членство во ЕУ можат да почекаат уште некоја деценија е нескриената опасна доктрина на губење скапоцено време и пропуштање на шансата која ја предизвикаа големите геостратегиски промени во светот. Домашната блокада на почнатите преговори со ЕУ остануваат и натаму на сила додека конечно целосно не се обезвреднат постигнатите резултати за кои мислевме погрешно дека се доведени до точка од која нема враќање. Но, ете, ВМРО-ДПМНЕ и тоа може да го постигне и да ја врати државата на почетна позиција во односите со ЕУ со уште понеповолни условувања, како што и се случуваше во изминатите три децении.

Гледано од денешен аспект доколку имавме консензус околу првичните отстапки кои ни беа наметнати денес Македонија можеше да биде членка на НАТО и на ЕУ уште пред 15 години со промена на уставното име само за надворешна употреба и без задирање во други билатерални уцени и историски комисии. Имавме извонредни ситуации за кои требаше поголема храброст во трката кој побрзо ќе стане членка на ЕУ, па ние да поставуваме услови на тие што денес ги злоупотребуваат статутарните одредби на ЕУ. До каде стасува визијата на владата? Во зависност од големината на победата на комуналните избори можни се и предвремени парламентарни избори. Ете, до таму стасува „визијата“ на владата за иднината на Македонија која на патот на прогресот и европеизацијата е вовлечена во катастрофална неизвесност.

   

Сегашните изнасилени драматични изјави дека врвен државен приоритет се реформите, преговорите и членството во ЕУ е трагокомичен обид да се пресретнат и обезвреднат вестите дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија се со голема извесност новите членки на ЕУ. Како што ќе се потврдува оваа вистина, за која до неодамна се тврдеше дека е лага и дека ќе нема нема проширување на ЕУ, така во Македонија ќе се драматизираат во јавноста партиските кампањи за лицемерната протекционистичка Европа. Ќе се леат повторно солзи за големата неправда на вавилонската ороспија. Ќе се плаче за велепредавствата на националните интереси, за изгубениот идентитет, иако никој не го изгуби, за јазикот „откорнат“, иако е на своето место на светската лигвистичка мапа, за промена на името на државата и на славната ни историја, иако си остана суштинското име со географската додавка северна која и натаму останува единствена држава во светот која го носи името Македонија.

Во немање идеја како да се постигне консензус за отстапките се обвинува слабата опозиција која со ништо не може да ги попречи одлуките кои се неопходни за продолжување на преговорите со ЕУ и спроведување на реформите. Власта и нивните медиуми силно и срамно удираат по опозицијата која прифати јавно да ги поддржи уставните промени. Стравот на власта е дека така ќе се откријат големите предизборни лаги за „велепредавствата“ со прифаќање на договорите со Грција и со Бугарија, без оглед што уставните промени доколку се стават на дневен ред во Собранието можат да се донесат речиси едногласно и што Бугарите ќе бидат признати како малцинство со еднакви права и обврски како и сите 11 делови од народи што живеат во Македонија. Се бараат гаранции од Брисел и од Бугарија дека ќе нема други вета при преговорите, а се премолчува дека најсилната гаранција за членство во ЕУ се успешно спроведените реформи кои се влезени во сите партиски и владини определби, а кои никако да се спроведат. Што ќе се случува по влезот на Албанија во ЕУ

Само малкумина мислечки луѓе, јавни личности и новинари ги поставуваат вистинските прашања на кои ниту премиерот, ниту владата, ниту владејачките партии даваат рационален одговор. Што ќе се случува во Македонија по влезот на Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија и со тоа да престане приемот на нови членки на неопределено време. Колку и да изгледа невозможно гледано од денешен аспект на состојбите Србија може да стаса пред Македонија како членка на ЕУ. Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ до неодамна тврдеа дека Албанија нема шанси да ги почне преговорите пред Македонија. Но, тоа се случи. Тие функционери тврдеа дека членството на Албанија во ЕУ е речиси невозможно. А вчера претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека има големи шанси Албанија и Црна Гора да влезат во ЕУ и пред 2030 година. Во политиката таквите пресврти се случуваат преку ноќ поради геостратегиските интереси на големите сили кои оваа власт не ги препознава, а и тоа што добро го знае, го игнорира.

Закоравениот став на Македонија да не се донесат уставните измени уште повеќе ќе ги ослабнат нејзините позиции, по што ќе уследат нови фактури и условувања. Наместо залудно да изигруваме лажни јунаци и патриоти само за домашни потреби влечејќи за уши и навредувајќи ги високите функционери на ЕУ многу покорисно за државните интереси е да се размисли за последиците од таквата разврска на уште една испуштена голема шанса да се извлечеме од балканската калдрма. Цената на изгубените шанси и придобивки од членството во ЕУ е многу поголема од наметнатите отстапки. Премиерот и владината коалиција немаат навистина поголем државен интерес од спроведување на реформите и продоложување на преговорите со ЕУ за членство на Македонија, но на тоа треба и да поработат, а не да ја лажат јавноста и да поставуваат услови на ЕУ. За тоа имаат отворена поддршка и од опозицијата и понудена рака за консензус што досега ниту еднаш не се случило во Македонија кога ВМРО- ДПМНЕ било во опозиција. Напротив. Сите обиди за тоа завршувале со блокади и тревоги за изгубениот идентитет. Идентитетот не го изгубивме, ама на добар пат сме да се збогуваме со Европа и да го изгубиме патот во сопствениот двор. Има уште неколку клучни прашања на кои премиерот Мицкоски и коалициските партнери треба сериозно да се замислат и да најдат одговори. Дали Арбен Таравари и Алијанса ја напуштаат коалицијата на власт само поради локалните избори и соработката со ДУИ, или во прашање е и блокадата на владата на преговорите со ЕУ. Трипартитната „Вреди“ својата цврста определба за членство во ЕУ, како еден од главните предуслови за партнерство со ВМРО-ДПМНЕ, како да заборави на ова ветување и својата политичка активност главно ја насочи кон натамошна пресметка со опозициската ДУИ и со попуштање за укинувањето на некои стекнати позиции со видлива сервилност кон доминацијата на ВМРО-ДПМНЕ. И „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ се ужаснати од евентуална соработка на Таравари со ДУИ. Би бил многу интересен одговорот на премиерот Христијан Мицкоски дали во некои други околности би соработувал со ДУИ и би стапил во коалиција ако по вонредни парламентарни избори резултатите на двете политички партии овозможуваат комотно мнозинство во Собранието. Ако се земат предвид досегашните искуства на долгодишна децениска поделба на владата меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ тоа би било изненадување само за наивните.(nezavisen.mk) Ерол Ризаов

   

Најново

Деветгодишно девојче од Гостивар е тешко повредено, го прегазил возач од Чегране

Sase Ivanovski

Жена од Илинден, некој од Радуша и маж од Стајковци се тепале во Гази Баба

Sase Ivanovski

Критиките за Славески се неосновани – избран е поради стручноста, уверува Сиљановска Давкова

Sase Ivanovski

Божиновска: Соларни покриви, стабилни сметки

Sase Ivanovski

Гази Баба: Градоначалникот одведе шестоодделенци да гледаат вежба на полициски кучиња

Sase Ivanovski

Тинејџери нападнале и снимале малолетничка во круг на скопско училиште – заработија кривични

Sase Ivanovski

СДСМ: Очигледно Мицкоски живее во паралелен свет, целосно отсечен од реалноста во која луѓето во Македонија едвај врзуваат крај со крај, се борат со поскапувања, мизерни плати, празни паричници и празни фрижидери

Sase Ivanovski

Одземање на пасошот и мерки на претпазливост бара ОЈО од лице осомничено дека ја гради шесткатната зграда во Чаир на диво

Sase Ivanovski

Силјановска Давкова рече дека Трајко Славески не бил нејзин избор за гувернер на Народна банка

Sase Ivanovski

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИРЛ: Фирма на Вице Заев за време на енергетската криза во 2023-та инкасирала 9 милиони евра за набавка на јаглен во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ДУИ ГРАДИ НЕЛЕГАЛНО 20 ГОДИНИ, ЕДНА СЕДНИЦА НЕ МЕНУВА НИШТО Кирков ја замоли Данела да не прави театар

Sase Ivanovski

ТУРЦИЈА ОТВОРА 27 ИСТОРИСКИ МЕСТА ЗА НОЌНИ ПОСЕТИ Проектот „Ноќни музеи“ им овозможува на туристите да истражуваат повеќе

Sase Ivanovski

МЕЧКА НАПАДНА ЖЕНА Жртвата се бори за живот, а Словенија даде дозвола за отстрел на 200 мечки за спас од наездата на кафеави мечки

Sase Ivanovski

Сериски крадец „здиплил“ лаптопи од канцеларијата на градоначалникот на Гази Баба

Sase Ivanovski

ЗДРАВЈЕ НА ЧИНИЈА „MIND диетата“ може да го намали ризикот од деменција и до 25 отсто

Sase Ivanovski

СЛАВЕСКИ Е СВЕТСКИ ПОЗНАТ ЕКСПЕРТ КОЈ ЗАД СЕБЕ НЕМА АФЕРИ Сиљановска Давкова ги отфрли критиките за гувернерот

Sase Ivanovski

ПО 10.000 ЕВРА ЗА МЛАДИТЕ КОИ ЌЕ ОТВОРАТ СТАРТАП Владата најави поддршка за сите кои ќе сакаат да се вработат

Sase Ivanovski

НАЈСТРОГО ЧУВАНАТА ТАЈНА ЗА МАШКАТА СЕКСУАЛНОСТ НА ВОЗРАСТ 60+ Мастурбацијата – табу или лек?

Sase Ivanovski

РЕНТАЛ ПРОСТИТУТКИ, ИМА БОГАТО ХУЛИГАНСКО МИНАТО Кој е новиот претседател на Полска?

Sase Ivanovski

МОЖЕТЕ ЛИ ДА ИЗДРЖИТЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ МОБИЛЕН? Како дигиталната детоксикација ги менува мозокот, телото и расположението

Sase Ivanovski

ГЛАД ЗА ДОПИР Дали на момчињата навистина не им требаат прегратки?

Sase Ivanovski

СЀ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАЗНЕСЕ, ЌЕ СЕ РАЗНЕСЕ, А ОНИЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИСТРЕБАТ – ЌЕ ИСЧЕЗНАТ Целта на Русија е целосна победа, посочи Медведев

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА Е НА ЧЕТВРТО МЕСТО ВО ЕВРОПА СПОРЕД РАСТОТ НА БДП ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ Пред нас се само Ирска, Данска и Полска

Sase Ivanovski

(Видео) Поплавен пазар во Битола: „Одличен пример за скандинавско езеро“

Sase Ivanovski

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за ресторански и хотелски услуги во земјава

Sase Ivanovski

УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети во светот

Sase Ivanovski

За Бугарија извештајот на ЕП за Македонија бил необјективен. Бара истрага

Sase Ivanovski

Пијан возач во Пробиштип со автомобилот удрил во дрво

Sase Ivanovski

Албанија наскоро би можела да ја престигне Хрватска и да има дури 30 милиони туристи

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Руски цивили фрлаат камења кон украински дронови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СО ЕДЕН ТОН ЕКСПЛОЗИВ ДЕТОНИРАН КРИМСКИОТ МОСТ Се појавија снимки од уништувањето

Sase Ivanovski

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

Sase Ivanovski

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опструкциите на владата ја кочат работата на Општина Карпош, во школо со 25 деца со пречки во развојот немаме дефектолог затоа што владата не дозволува вработување

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Од две градинки во Карпош правиме една, бидејќи нема персонал, владата не дозволува нови вработувања, се пожали Јакимовски

Sase Ivanovski

Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената реалност

Sase Ivanovski

На 12 јуни ќе се бира новиот министер за здравство, порача премиерот

Sase Ivanovski

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста

Sase Ivanovski

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал?

Sase Ivanovski

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“: Ова е вистината за нашата ќерка, а обвинителството конечно да излезе на прес и да ги каже деталите од истрагата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРОВСКИ: И да има бегалски кампови, тие ќе бидат привремени, кој сака да остане во земјава?!

Sase Ivanovski

ОЈО утврди дека објектот во Чаир е дивоградба, отворена постапка против инвеститорот

Sase Ivanovski

Ова што се случува меѓу градоначалниците е предизборен циркус, вели Тошковски

Sase Ivanovski

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тошковски: Судот му го вратил пасошот на Јахоски за да патува, МВР постапува по нивните одлуки

Sase Ivanovski

Маж од Прилепско истепан од својот колега во фабрика во Жабени

Sase Ivanovski

Приведен скопјанецот кој ѝ се заканувал на Арсовска, полицијата го расчистува случајот

Sase Ivanovski

Приведен кавадарчанец кој си ја натепал сопругата

Sase Ivanovski

Најновата бугарска резолуција за Сиљановска-Давкова е навредлива: Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација

Sase Ivanovski

Гази Баба со 3.000 денари за секое прваче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опожарена депонија близу Арачиново

Sase Ivanovski

Над 500 пешаци биле казнети во мај поради непочитување на сообраќајните правила

Sase Ivanovski

Двајцата заболени со мајмунски сипаници се под здравствен надзор, изолирани дома – нивните контакти досега не пројавиле симптоми

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од 11 години

Sase Ivanovski

Јакимовски размислува за уште еден мандат, не сака Карпош да го остави на кого било

Sase Ivanovski

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: И покрај заканите јас не се повлекувам, за сè имам докази

Sase Ivanovski

Марта Кос се нуди како олеснувач во разговорите меѓу Бугарија и Македонија

Sase Ivanovski

Договорот со Обединетото Кралство е извонреден, смета Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Тошковски: Прашање е како е донесена одлука да му се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука

Sase Ivanovski

Се забрануваат протести пред Собрание, Африм Гаши бара прогласување безбедносна зона околу зградата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЧ НЕ Е ПАМЕТНО ДА ПЛАНИНАРИШ НА АКТИВЕН ВУЛКАН, ВАКА БЕГАА ВЧЕРА НА ЕТНА

Sase Ivanovski

Грчките електро компании го најавија бранот летни поскапувања на струјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пет полицајци убиени во заседа на наркобандите во Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Активисти украдоа восочна фигура од Макрон и ја поставија пред руската амбасада во Париз

Sase Ivanovski

АЕК ја чека одлуката за натпреварот со Алкалоид со многу проблеми: Навивачите бесни по поразот од Олимпијакос

Sase Ivanovski

Напаѓачот од Колорадо цела година го планирал нападот врз Евреите: Би го направил тоа повторно

Sase Ivanovski

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Sase Ivanovski

Израелските сили пукале врз Палестинците на 500 метри од дистрибутивниот центар во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки нов пресврт, се продлабочува

Sase Ivanovski

Пратеници од Левица се сретнаа со францускиот амбасадор

Sase Ivanovski

Пратениците ќе ја „чешлаат“ работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski
Вчитувам....