25.8 C
Скопје
18/04/2025 14:12
МАКТЕЛ

    

Ерол Ризаов: Пријател и непријател со Америка

      

Во светските медиуми од многу агли „за“ и „против“ се анализира говорот во Европскиот парламент на познатиот економист Џефри Сакс на најактуелната тема во светот „Геополитика на мирот“ посветена на војната во Украина. Не навлегувајќи во разните аспекти на говорот за кој се искажуваат спротивставени мислења – од импозантен, до проблематичен – вниманието ми го привлече една позната, но кај нас подзаборавена мисла на Хенри Кисинџер, кажана многу одамна, која Сакс ја цитира: „Да се биде непријател на САД е опасно, но да се биде пријател е катастрофално“. Џефри Сакс ова своевремено им го кажал на Украинците како нивен советник и поддржувач во односите со Русија. Но, оваа мисла на стариот лисец Кисинџер совршено се однесува и на нас, особено сега по големата еуфорија од „новото време“ и големото пријателство со претседателот Доналд Трамп како поддржувачи на неговата политика наредени во „првиот ред“.

Од ова големо пријателство во Македонија е направен амбиент дека Америка цврсто ќе застане зад нас со силна економска и политичка поддршка да ги решиме државните и национални стратегиски интереси во односите со ЕУ и со соседите. Добро е што не сме непријатели со Америка, одбегнуваме опасност, но дали пријателството може да се претвори во катастрофа, ако се имаат предвид новите геополитички и економските интереси на Америка, кои се јасно изложени од претседателот Трамп и неговиот тим и веќе се во примена што во Европа и во светот предизвикува голема загриженост. Да почнеме од посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Турција и средбата со претседателот Реџеп Таип Ердоган. По разговорите претседателот Ердоган прецизно соопшти дека двете страни Турција и Македонија, тој и премиерот Мицкоски, имаат заеднички став дека ја поддржуваат идејата оти решението на војната во Газа е да има две држави, Израел и Палестина. Демократскиот свет одамна ја поддржува оваа идеја како најправедна. Но, што правиме со големите пријатели Доналд Трамп и Бенјамин Нетанјаху кои имаат други цврсти определби со појасот Газа и со истребувањето на Палестинците. Како тие ќе ја дочекаат оваа поддршка на пријателот од првиот ред како опасно непријателство, или катастрофално пријателство. Да се надеваме дека нема да обрнат големо внимание на ваквиот турско-македонски заеднички став, иако е тешко да се поверува оти тоа ќе остане незабележано во односите на Македонија со Америка и со Израел. Но, да видиме што можеме да очекуваме од претседателот Трамп и од новата американска политика за нашиот најголем проблем во односите со соседите.

   

Пријателството прерасна во илузија Во минатата колумна напишав: дали претседателот Трамп ќе размислува повеќе од десет секунди ако дојде во ситуација да бира дали да застане зад Бугарија, или зад Македонија ако се придржува на својата цврста предизборна определба, пред сѐ интересите на Америка. Дали трансакцискиот претседател Доналд Трамп повеќе ќе води сметка за зделката со која Бугарија плати 2,5 милијарди евра за набавка на 16 борбени ловци „Ф-16 Блок 70“, од кои едниот веќе го презеде. Но, тоа не е сѐ, уште една и пол милијарда долари за транспортери „Страјкер“, плус бази за поддршка и ремонт. Бугарија ќе има други големи зделки со Америка за два американски реактори за нуклерната централа Козлодуј што ќе ги гради „Вестингхаус“ заедно со јужнокорејската компанија „Хјундаи“ во износ од 15 милијарди долари, што е два и пол годишни буџети на Македонија. Во тек се и значајни инвестиции во системите за пренос на гас изградени со американска технологија и пренос на американскиот течен гас за Европа од терминалот во Александрополис во Грција. Во Америка има голема и влијателна бугарска дијаспора, само во Силиконската долина работат околу 12.000 специјалисти и научници кои се Бугари. Ако ова се спореди со вкупните политички и економски односи на Македонија со Америка и јасните определби на претседателот Доналд Трамп, тогаш нашето пријателство од првиот ред прераснува во опасна илузија, како некогаш панславизмот дека баќушка, големата и силна Русија, ќе нѐ спаси од сите маки и страдања. Некои политички експерти тврдат дека панславизмот одамна е мртов. Можно е да е така некаде, но во Македонија по агресијата врз Украина воскресна, што значи дека не е мртов.

Јасна хеленска наколнетост на Трамп Грчко-американските односи се уште посилни отколку со Бугарија. Станува збор за историски долгогодишни стратешки и економски врски и силно партнерство, билатерални одбранбени договори за обезбедување на стабилност во источниот Медитеран. Економски Грција има корист од американските инвестиции, особено во енергетскиот, технолошкиот и поморскиот сектор, додека грчката дијаспора игра клучна улога во промовирањето на културните и политичките врски меѓу двата народа. Со децении Грција се противеше на употребата на името Македонија, тврдејќи дека тоа имплицира територијални и културни претензии врз нејзиниот северен регион. Договорот од Преспа од 2018 година конечно го реши спорот со додадавката „северна “ на името Македонија, но тензиите и чувствителноста остануваат. За време на првиот манадат на претседателот Трамп и неговата администрација политиката на САД покажа јасна хеленска наклонетост. Геополитичкиот став на Трамп фаворизираше силни националистички сојузници, а неговата администрација ја гледаше Грција како клучен партнер во регионот. Покрај тоа, пристапот на Трамп кон меѓународната дипломатија се фокусираше на зајакнување на билатералните односи со сојузниците усогласени со интересите на САД, а Грција со своите стратешки пристаништа и растечкиот енергетски сектор стана уште повреден партнер. Како бизнисмен Трамп ја гледа политиката низ призмата на бизнисот. Економски гледано, она што Грција и Македонија можат да го понудат е многу различно, а Трамп секогаш гледа на економската корист. Тогаш е јасно дека секогаш ќе натежне Грција со своето влијание во Вашингтон, кој и да е претседател на САД. Добро е што премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија нивната предизборна пропаганда дека Преспанскиот договор е предавство на националните и државни интереси. Повеќе не станува збор за поништување на Договорот, ниту пак за некакво негово подобрување, туку новата влада ревносно се нафати во негово спроведување во практиката. Повеќе речиси и не се спомнува Договорот со Грција, дури и се призна дека тој бил добар, па требало да има исто таков и со Бугарија.

Доктрината на Глигоров за еквидистанца И односите на Америка со Србија и со Албанија на економски план се на повисоко ниво. Притоа директно учество има Џаред Кушнер, зетот на Трамп, за големи инвестициски зафати во милијарди долари што исто така ја одредува позицијата на САД. Сето ова мора да го имаат предвид политичари со визија да не сејат илузии дека Трамп ќе удри со тупаница на масата поради зафатениот прв ред на пријателство. Крајно време е да се спроведува напуштената доктрината на претседателот Киро Глигоров за односи на еквидистанца со сите наши соседи. Доктрина која кога беше изречена врвот на ВМРО-ДПМЕ упати силни критики како на политика на подеднакво лоши односи со сите соседи, спротивно од заложбите на претседателот Глигоров на подеднакво добри односи со сите соседи. Решнието за стабилноста на Македонија и нејзниот побрз економски развој, припадноста на западноевропската цивилизација е токму во односите со соседите. Отстапките што ги направи Македонија во остварувањето на тие цели ВМРО-ДПМНЕ ги употреби за силна популистичка пропаганда која доведе до самоблокада на европските интеграции и на економскиот развој на Македонија. По освојување на власта покрај силните лажни ветувања за раскинување на договорите со Бугарија и со Грција, сепак, се очекуваше, имајќи ја предвид превласта над слабата опозиција, речиси непречено да се донесат сите одлуки во Собранието што не е непознато во политиката. Едно е пред избори и кога си во опозиција, друго е кога си на власт и ја имаш одговорноста за вкупните состојби во земјата и за нејзината иднина. Премиерот Христијан Мицкоски и новата влада се вдадоа во потрага по нови партнерства со антиевропски сојузи потпирајќи се на нејасната и неизвесна поддршка на претседателот Трамп и неговата администрација. Впуштањето во таа авантура со многу послаби позиции од соседите во односите со САД, Хенри Кисинџер може да испадне целосно во право кога во други околности кажал дека опасно е да се биде непријател на САД, а да се биде пријател е катастрофално. Со политиките на Доналд Трамп тоа станува уште поизгледно. Досега владата на Христијан Мицкоски не разјасни пред јавноста каква разврска очекува и која е идејата за ваквите постапки. Ако воопшто се има некаква идеја за иднината на Македонија. Засега е јасно само тоа дека ќе се потрошат стотици милиони евра за предизборната коруптивна кампања на локалните избори со позајмени пари од унгарскиот кредит кои ќе се делат со политички одлуки. За тоа колку ќе чини изгубеното време и нарушените односи со ЕУ ќе биде виновна опозицијата, според добро познатиот рецепт на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.  (Nezavisen) Ерол Ризаов

  

Најново

Претрес во Куманово, пронајдено оружје, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Златото повторно расте – дали треба веднаш да инвестирате?

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Раздорот во ВЛЕН го фаворизира ДУИ: Зошто исклучително битен станува Зијадин Села?

Sase Ivanovski

Трамп: Не сум негов обожавател, но не мислам дека Зеленски е виновен за војната

Sase Ivanovski

Од денес може да се вози преку Галичица, заврши зимската забрана

Sase Ivanovski

(Видео) Четири лица загинаа во уривање на жичарница во јужна Италија

Sase Ivanovski

(Видео) МВР го пронајде возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен е јавен обвинител

Sase Ivanovski

Зеленски остро ја обвини Кина дека испорачува оружје за Русија

Sase Ivanovski

ВЛАДАТА ОЗАКОНУВА ПАУШАЛНИ ФАКТУРИ ЗА СТРУЈА

Sase Ivanovski

Кремљ: Истече наредбата на Путин за ненепаѓање на енергетската инфраструктура на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ – Кике Цветче и Иван Ајнштајн: Бегството не ги решава предизвиците во љубовта

Sase Ivanovski

Митрополит г. Петар: Велигден е најсветлиот празник на христијанската вера и таинството кое ја преобразува историјата на човештвото

Sase Ivanovski

Од „не ни требаат странци“ до „добредојдовте, шеици“ – Чебрен станува профитабилен проект кога владее ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување

Sase Ivanovski

Кој прв ќе изгори од изигрувањето на Законот за нефер практики?

Sase Ivanovski

Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие

Sase Ivanovski

Скандал во Хрватска: Општина платила 1.500 евра за приватен детектив да следи воспитувачка поради боледување

Sase Ivanovski

Ректорот на Универзитетот во Белград: Пријавата против мене е пријава против целата академска заедница

Sase Ivanovski

Велигденската порака на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх Стојанов: Христос воскресна, надеж наша!

Sase Ivanovski

Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС

Sase Ivanovski

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово пред политичка криза по неконституирањето на Собранието; СПАК со истрага за изборен криминал во даночната администрација; „Фантомски“ партии пред изборите во Албанија

Sase Ivanovski

Кумановец лишен од слобода, оружје пронајдено при претрес на домот

Sase Ivanovski

Американската влада ги укина визите за повеќе од 1.000 странски студенти

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Sase Ivanovski

Левица: Над 3000 вработени во културата се оставени без мартовска плата во пресрет на Велигден

Sase Ivanovski

„Кинескиот Илон Маск“ користи само два броја за да покаже зошто автомобилската индустрија на неговата земја сега ги надминува САД и Европа

Sase Ivanovski

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило

Sase Ivanovski

ЦУК: Мртов маж пронајден во изгорена куќа во Кавадарци, имало девет пожари на отворено

Sase Ivanovski

Кина ги отфрла обвинувањата на Зеленски дека Пекинг и испорачува оружје на Русија

Sase Ivanovski

Сајбер-криминалците се повеќе користат електронски паричници за да украдат картички

Sase Ivanovski

Нов марш за правда за жртвите утре во Кочани: Семејствата на загинатите ги повикуваат сите граѓани и медиуми

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Блокадата на РТС стана бескрајно насилство

Sase Ivanovski

Далеку од колонијализам: Европа развива свои лежишта на литиум

Sase Ivanovski

Инженерите алармираат: Владата озаконува паушални фактури за струја

Sase Ivanovski

Професори и научници упатија прашање до полицијата која денеска го испрашува ректорот Владан Ѓокиќ: „Што правите?

Sase Ivanovski

Драма во Хрватска: Додека слетувал авион во Дубровник, дрон опасно се доближил до него

Sase Ivanovski

ДУИ: Новата програма за седмо одделение ги исклучува Албанците од учебниците по „Историја и општество“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Идентификуван возачот кој вчера со автомобил влечеше врзан коњ, известен јавен обвинител

Sase Ivanovski

Овчи сипаници најчесто акутно заразно заболување во март, пријавени 309 заболени

Sase Ivanovski

Палестински медиуми: Најмалку 20 загинати во израелски напади во Газа

Sase Ivanovski

Виткоф: Русија би можела да задржи некои од освоените региони во Украина, но не сите

Sase Ivanovski

Кривична пријава против поранешен градоначалник на Лозово и други две лица за злоупотреба на службена положба

Sase Ivanovski

Најмалку 38 загинати во американски напад врз позиции на Хутите во Јемен

Sase Ivanovski

Трамп ѝ се закани на Кина со царини до 245 проценти; Кина: Бесмислена игра со броеви, одиме до крај

Sase Ivanovski

Радоста од меѓусебното запознавање

Sase Ivanovski

Денко Малески: Ќе зборуваме за „нашата“ трагедија ако зборуваме и за „вашата“

Sase Ivanovski

Еден загинат и 54 повредени во руски напад врз Харков, соборени 56 украински дронови во Русија

Sase Ivanovski

Венеција двојно ја поскапе влезната такса за еднодневни патувања

Sase Ivanovski

Членките на ЕУ се согласија волците повеќе да не бидат „строго заштитени“ животни

Sase Ivanovski

Рубио му пренел на Лавров дека САД можат да се откажат од мировен договор за Укарина ако нема јасни знаци дека може да се постигне

Sase Ivanovski

Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка

Sase Ivanovski

Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан

Sase Ivanovski

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Sase Ivanovski

Разговор Лавров-Рубио: Москва за понатамошна соработка за елиминирање на главните причини за украинската криза

Sase Ivanovski

Дел од Ново Лисиче ќе биде три часа без струја

Sase Ivanovski

Христијаните денеска го одбележуваат најтажниот ден во годината – Велики петок, кога Исус Христос бил распнат на крст

Sase Ivanovski

Промени во јавниот превоз, автобусите со изменет распоред за празникот

Sase Ivanovski

Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деновите поминуваат, а од СДС молк и не кажуваат дали Филипче има златна виза за Дубаи

Sase Ivanovski

Додик: Ако Република Српска ја имаше Србија против себе, ќе беше во исклучително тешка ситуација

Sase Ivanovski

Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците

Sase Ivanovski

РТС сè уште блокирана, утринската програма денеска не се емитува

Sase Ivanovski

Трамп се сретна со Мелони, па најави пресврт со Кина и договор со Европа

Sase Ivanovski

И покрај царините на Трамп, ММФ не предвидува глобална рецесија годинава

Sase Ivanovski

Дел од Аеродром без струја

Sase Ivanovski

Управните служби на МВР работат за време на Велигденските празници

Sase Ivanovski

Руските сили во текот на ноќта соборија 56 украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

На два дена пред Велигден не стивнува „битката за јајца“, освен домашни има и увозни

Sase Ivanovski

Украина и САД потпишаа меморандум за договор за економско партнерство

Sase Ivanovski

Хамас формално ја отфрли израелската понуда за прекин на огнот

Sase Ivanovski

„Тему“ и „Шејн“ следната недела ги зголемуваат цените на производите во САД

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп се закани дека ќе му забрани на Харвард да запишува странски студенти

Sase Ivanovski

Обвинителството бара построга казна за сообраќајката во Тетово во која загина Теодора Ристовска

Sase Ivanovski

Продолжуваат блокадите пред РТС: Дневникот започна два часа подоцна, редарите бараат повлекување на граѓаните

Sase Ivanovski

Граѓанскиот сектор реагира: Антикорупциска предлага услови за повеќе корупција

Sase Ivanovski

Амбасадата на Јапонија отвори повик за стипендии за додипломски или истражувачки студии во Јапонија

Sase Ivanovski

Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата

Sase Ivanovski
Вчитувам....