МАКТЕЛ

    

Ерол Ризаов: Си игра ли Мицкоски американско-руски рулет

      

Можат претседателите на најмоќните светски велесили, Доналд Трамп и Владимир Путин, да ја кројат светската и европската мапа како што сакаат, штом на пристојна одалеченост внимателно со воздржаност им е на припомош и кинескиот претседател Ши Џинпинг. Можат да склучат мир по нивна мерка кој до каде ќе се протега. Им се може да прогласуваат кој е агресор, а кој миротворец и дека јагнето му ја мати водата на волкот. Ќе се раскусурат големите сили на туѓа сметка поместувајќи граници на кој што му припаѓа со нивниот аршин како што обично бивало во поблиската, подалечна, а ќе биде и во идната историја на човештвото. Можат Обединетите нации да изгласаат какви сакаат резолуции, како и многу пати досега, ама тие не важат за големите сили. Ама, што таму бара, „ничим изазван“ еден пион во првиот ред на публиката на кој Трамп му тутнал во рацете револвер со осум од девет куршуми да си игра руски рулет и да пука во слепоочницата на Македонија. Самоубиствен чин на еден тазе премиер од Балканот кој од светската политика на интереси на атомските сили се разбира колку „глув“ од воена музика, па сам си ја вметна својата татковина меѓу чеканот и наковалната. Си умислил човекот дека храбрите постојано ги прати среќа, па се оддал на комар со судбината на својот многу сакан народ.

Во моментот Македонија е во пат позиција со исчекување премиерот Христијан Мицкоски да ја погоди празната дупка на буренцето кога ќе го чкрапне американскиот колт и така да ја куртули кутра Македонија. Чекаме спас од ќор-фишек како овци пред индустриска кланица. Ѝ кажавме ли збогум на Европа: Премиерот Христијан Мицкоски прифатил Македонија да биде коспонзор со уште Унгарија, Грузија и Израел на резолуцијата на САД во Генералното собрание на ОН и со тоа да заврши војната меѓу Русија и Украина и да се постигне траен мир. Ќе речете, во тоа нема ништо лошо. Се разбира, веста ќе беше прекрасна ако немаше јадец. По тригодишниот ужас, страотни разорувања и стотици илјади човечки жртви најмногу Украина сака мир. Европа и целиот свет уплашен од нуклерна војна сакаат крај на војната. Проблемот беше во содржината на американската резолуција каде што место окупација, или воена агресија, војната се сведе на „конфликт“. Ништо не пишуваше во резолуцијата на САД за повлекување на руските војници од украинска територија и не се бараа гаранции за територијалниот интегритет на Украина. Можевме и на ова да замижеме и да се тргнеме од тревата која најмногу страда кога се сексаат слоновите. Но, што направи Мицкоски, се истопори кај што не му е местото. Ѝ кажа збогум на Европа. Му удри во глава еуфоријата откако Крис Павловски, извесен американски милијардер со македонско потекло, кажа дека Мицкоски е најголем лидер на Балканот. Ракувањето со луѓе од вториот ешалон на претседателот Трамп му се причини дека Македонија ќе биде олрајт, па заборави дека се наоѓаме во Европа и дека сме исполниле обврски и веќе од поодамна имаме заедничка надворешна политика со ЕУ.

   

Со еден непромислен чекор Мицкоски ја напушти таа тешко стекната придобивка и со ваква необмислена поддршка на американската резолуција застана против ЕУ и Украина, сосема непотребно како залутан аџамија во светската политика. И што се случи. Фијаско. Резолуцијата на САД, коспонзорирана и од Македонија, не помина на гласањето во Генералното собрание на ОН. Падна во вода резолуцијата со која се повикува крај на војната без споменување на руската агресија. Собранието ја усвои украинската резолуција поддржана од ЕУ, со која се бара Русија веднаш да се повлече од Украина. А резолуцијата за која Македонија стана и коспонзор – по усвоените амандмани на крајот не ја гласаа ни САД. Сите од Западен Балкан беа за резолуцијата на Украина поддржана од ЕУ, освен Македонија. И сега што следува понатаму. Европа, како и секогаш во историјата, во догледно време ќе најде решение во односите со Америка, па и со Русија. Ќе ја нарекуваат лицемерна, па и вавилонска ороспија, ама таа ќе ги среди своите односи со Америка и западниот свет. На Македонија ова „предавство“ нема да ѝ го простат, а и Америка нема многу да ја боли главата за интересите на Македонија. Кого ќе поддржи Трамп – Бугарија или Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски кој многу сака да зборува за неправдата што ни се прави од неправедниот свет и што постојано бара некакви гаранции ќе треба да ѝ објасни на македонската јавност какви гаранции му дал американскиот претседател Доналд Трамп за иднината на државата по неговите антиевропски активности и избрзани одлуки. Дали претседателот Трамп ќе размислува повеќе од десет секунди ако дојде во ситуација да бира дали да застане зад Бугарија, или зад Македонија ако се придржува на својата цврста предизборна определба: пред сѐ интересите на Америка. Дали трансакцискиот претседател Доналд Трамп повеќе ќе води сметка за зделката со која Бугарија плати 2,5 милијарди евра за набавка на16 борбени ловци „Ф-16 Блок 70“, од кои едниот веќе го презеде. Или за набавката на резервни делови за скромната американска воена опрема што ја има Македонија. Не треба човек многу да ги познава сферите на интереси за да погоди дека Америка секогаш ќе биде понаклонета на Бугарија, отколку на Македонија. Дали Мицкоски заборавил дека во првиот мандат на Трамп како претседател на Америка пред премиерот Зоран Заев го прогласи Преспанскиот договор како најголемо историско достигнување на Балканот по Дејтонскиот договор за Босна. Дали тоа значеше поголема поддршка на Грција отколку на Македонија при што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со своите приврзаници сѐ уште се на ставот дека тоа беше предавство на националните интереси. Додуша тоа веќе не го кажуваат гласно.

Колкава ќе биде еуфоријата во Македонија ако еден ден во блиска иднина уследи изјавата на претседателот Трамп во неговиот втор мандат дека Договорот за добрососедство со Бугарија е одлично решение и мора да се примени во практиката. Ќе одекнат ли повторно антиамериканските зурли во Македонија кои замолкнаа за Преспанскиот договор кој се претвори во многу добар без потреба ништо да се менува во него, иако не мислат така. Сега ечат трубите со поддршка на „новото време“ каде стасавме во првиот ред, како што вели Мицкоски, со големи очекувања дека Америка ќе ја направи Македонија најбогата земја на Балканот, како што ни приопшти неодамна од чиста мира нашиот премиер. Мижи Асан да ти бајам. Гласањето во Генералното собрание на ОН, кое деновиве ќе се анализира од разни агли за земјите кои беа час „за“, час „против“, час „воздржани“ треба да биде добра лекција да престанеме да изигруваме улога на приврзок, туку да се свртиме кон нашите интереси со принципиелни ставови на нашата европска припадност. Така ќе бидеме повеќе почитувани. (nezavisen.mk) Ерол Ризаов

  

Најново

Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш

Sase Ivanovski

Украинскиот Парламент не ја изгласа резолуцијата за поддршка на Зеленски

Sase Ivanovski

Дипломатска победа на Европа и Украина во ОН, резолуцијата на САД ко-спонзорирана од Македонија беше изменета

Sase Ivanovski

Макрон по средбата со Трамп: Примирјето во Украина може да се случи за неколку недели

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Цените на зеленчукот до „плафон“, што открива статистиката?

Sase Ivanovski

Српската полиција влегла во две граѓански организации, таблоидите биле побрзи

Sase Ivanovski

Ревизија во ДПИ: Последниот инспекциски надзор во студентските домови бил извршен пред шест години

Sase Ivanovski

Утре е првото рочиште за мачењето на кучето Феликс, од „Анима Мунди“ бараат најстроги казни

Sase Ivanovski

ЕФЦСН го осудува полицискиот упад во граѓанската организација ЦРТА од Белград

Sase Ivanovski

Премиерот ги доби доказите што ги побара, Владата одговори: Меџити е невин

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Петрушевски: Најголеми виновници за правосудството се кадровските решенија на СДС кои беа бирани во нивниот штаб

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

Sase Ivanovski

Мицкоски најави мега-инвестиција: Гасни централи за решавање на проблемот со загадување, нула денари приклучок на домаќинствата, над 1 милијарда евра инвестиции во енергетика

Sase Ivanovski

(ФОТО) Град Скопје: Нова сензорна соба во средното училиште „Браќа Миладиновци“

Sase Ivanovski

Претставници на “Замисли” ќе бидат дел од работните групи кои ќе го изработуваат новиот Закон за здравствена заштита, а од медиумите побараа да се врши јавен притисок и за овој процес да биде максимално транспарентен и за надлежните да си го одржат зборот.

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: Средба на министерот Тошковски со пакистанскиот амбасадор Модсар Чаудари

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Исчистен сметот на ул. Васил Ѓоргов и на Кале

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ПОВИК ЗА ГРАФИЧКИ/КА ДИЗАЈНЕР/КА ЗА ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: ПОЛОЖУВАЊЕ СВЕЖО ЦВЕЌЕ на вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски.

Sase Ivanovski

Тодор Стојчевски: Ротаријанците во Македонија одбележаа 120 години ротаријанство во светот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Власта ги остави граѓаните сами со големите цени и високите сметки, ги одби законите за ДДВ

Sase Ivanovski

Средба на претседателот на КЕП Антонијо Милошоски со амбасадороката на Данска Н.Е Перниле Деилер Кардел

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Центар финансиски ги поддржа младите таленти на Space Walkers, да им посакаме среќа на светската роботска олимпијада

Sase Ivanovski

СДСМ: Скандалозно е што Мицкоски го штити Изет Меџити при јасни докази

Sase Ivanovski

МОЕПП, МЕЏИТИ: СЕ УСОГЛАСУВАМЕ СО НОВИТЕ ДИРЕКТИВИ НА ЕУ ЗА КОНТРОЛА НА ИНДУСТРИСКОТО ЗАГАДУВАЊЕ

Sase Ivanovski

Општина Чаир: Се реконструира водоводната и фекалната канализациона мрежа на улицата Адем Микуловци (Диџон 17)

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во ОН гласаше усогласено со САД, Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката со САД, СДС во очај и љубоморат на сопствената држава

Sase Ivanovski

Владата ги провери документите кои ги достави СДСМ и ги отфрли шпекулациите и неточните наводи

Sase Ivanovski

СДСМ: Аматеризам во надворешната политика ни донесе двојна штета за стратешките партнерства со САД и ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ со документи за скандалот со Меџити, дали Мицкоски ќе продолжи да го штити?

Sase Ivanovski

МОЕПП: Најосторо ги отфрла и демантира шпекулациите и лажните наводи изнесени од страна на политичките партии СДСМ и ДУИ во последните неколку денови.

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Вози совесно! Субвенционираме по 10.000 денари за полагање возачки испит, возењето без возачка е недозволиво

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со директорот на Агенцијата за иселеништво

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: Постапката за разрешување на Коцевски е согласно Уставот и законите

Sase Ivanovski

Интерактивна изложба на ХАЕМУС во Јуроп Хаус Скопје во чест на Обичајот Мартинки – наследство на УНЕСКО

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, Мицевска: Директната поддршка и помош за земјоделците, сточарите и производителите на храна ќе придонесе за стабилизација на агросекторот

Sase Ivanovski

Средба на МЕП Муртезани со данската амбасадорка Кардел

Sase Ivanovski

Зеќирија Ибрахими: Имаме обврска да ја промениме преамбулата на Уставот, како и да го смениме пежоративниот термин „20 отсто“ за албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Минстерство за внатрешни работи: Засилени сообраќајни контроли – Вчера санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ, Лефков: СДС брани корумпирано обвинителство и судство, затоа што само така нема да одговараат за криминалот кој го направија

Sase Ivanovski

СДС да каже до каде се со Груби, му кажаа ли да се врати или му сугерираат да се крие, како што дозволија да краде?

Sase Ivanovski

На две локации во Гази Баба се мери загадувањето со ПМ2,5 честички

Sase Ivanovski

Непозната болест усмрти повеќе од 50 луѓе во Конго – заболените умираат во рок од 48 часа од првите симптоми

Sase Ivanovski

Резолуција во ООН: Македонија го одбра соломонското решение, притисната меѓу чеканот и наковалната

Sase Ivanovski

Москва го поздравува избалансираниот став на САД при гласањето во ОН, кај Европејците не гледа баланс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување

Sase Ivanovski

Треска во сабота навечер: Грчките ноќни клубови под микроскоп на даночниците

Sase Ivanovski

Без потврден легитимитет, нема кој да преговара со газдите, на крајот на декември истече репрезентативноста на ССМ

Sase Ivanovski

Најавен дводневен штрајк на аеродромот во Минхен: Што значи тоа за патниците?

Sase Ivanovski

„Ми ги зедоа од рака шприцот, иглата и езмархот“: Главната медицинска сестра од Ресен преместена да работи на рентген за првпат во животот

Sase Ivanovski

Санкционирани 773 возачи, 73 возеле без возачка дозвола

Sase Ivanovski

На САД минерали, за Русија територија: Што ќе добие Европа за мирот во Украина?

Sase Ivanovski

Поскапе и земјоделското земјиште, еве како се движат цените низ Србија

Sase Ivanovski

Дете удрено со мотор зад „Скопјанка“, жителите бараат соодветна сигнализација на улицата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка

Sase Ivanovski

СДСМ денеска ќе му достави документи на премиерот Мицкоски за скандалот со Меџити

Sase Ivanovski

АЛАРМИРАМЕ: ЈАНЕВСКА НАСИЛНО И СО ДЕКРЕТ ИМ НАМЕТНУВА НА ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ЛГБТИ+ УПАТСТВО СО КОЕ ЦЕЛОСНО СЕ ОДЗЕМААТ ПРАВАТА НА РОДИТЕЛИТЕ

Sase Ivanovski

Бруталниот раст на платите во јавниот сектор ја гуши Хрватска

Sase Ivanovski

Европските земји може да учествуваат во решавање на конфликтот во Украина, тие самите ги прекинаа односите со Русија, изјави Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Д-р Блажевска: Бебе на 9 месеци лекувано од ревматоиден артрит денес е здраво момче од 10 години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кина е светски лидер во речиси секоја област!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинезите продаваа памук под снегот – зимска идила од памук

Sase Ivanovski

Црна Гора ја загрозува европската интерграција со безвизниот режим кон Бахреин и Саудиска Арабија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Најважните поенти од денешното обраќање на СЧП на Обединетите нации во Женева.

Sase Ivanovski

Путин: Подготвени сме да ги скратиме воените буџети за 50 отсто заедно со Америка

Sase Ivanovski

Москва: Обединетите нации изгласаа антируска резолуција

Sase Ivanovski

Аргентински активист се обиде да влезе во болничката соба на папата

Sase Ivanovski

Во Нови Сад приведени петмина опозиционери

Sase Ivanovski

Прилепчанец за Нова година ѝ се заканувал со нож на брачна двојка во нејзиниот дом

Sase Ivanovski

Србија гласаше за „европската“ резолуција во ОН, Вучиќ сега е пишман: Требаше да се воздржиме

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно и дождливо време

Sase Ivanovski

Денот на љубовта ни донесе уште 14 новороденчиња во Болницата Плодност!

Sase Ivanovski

Андреј Стојковски – Градиме Моментум: Силата е во младите и служењето

Sase Ivanovski

Тифани стаклен таван, Гран Хотел Сиудад де Мексико. Арт-Нуво, изграден помеѓу 1895 и 1899 година

Sase Ivanovski

Олимпиското село во Москва, 1980

Sase Ivanovski

ДАДЕНАТА ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА – Секоја црна точка претставува една американска бомба од 1000 кг фрлена на Виетнам, Лаос, Камбоџа (а некои и на Тајланд) за време на Виетнамската војна (1955–1975)

Sase Ivanovski

Почина Зоран Лазов меѓу штипјани познат како Бонавена

Sase Ivanovski

Мастерпланот на Кензо Танге од 1963 година за областа Цукиџи во Токио е главен пример на метаболичка архитектура

Sase Ivanovski

„Вино, музика и страст – поминавме убаво неделно попладне со нашиот драг пријател Aleksandar Mitevski

Sase Ivanovski

Виенски газометри: Резервоари за складирање на гас кои првпат се изградени во 1896 година и претворени за мешана употреба помеѓу 1995 и 2001 година

Sase Ivanovski
Вчитувам....