Егзекуцијата се случи на четвртиот ден од конфликтот меѓу Иран и Израел.
Иранското судство денеска соопшти дека е погубен маж, кој бил уапсен во 2023 година и осуден како агент на израелската разузнавачка служба Мосад.„Есмаил Фекри, агент на Мосад осуден за тешки кривични дела – корупција и војна против Бога (мохаребе), е обесен по судска постапка“, пренесе веб страницата Мизан Онлајн, која е поврзана со судството.Егзекуцијата се случи на четвртиот ден од конфликтот меѓу Иран и Израел.