Премиерот на Словачка, Роберт Фицо објави дека Естонија не дозволила словачкиот авион кој летал кон Русија да лета над нејзина територија и дека се бара алтернативна рута.
– Естонија пред неколку минути ни соопшти дека нема да дозволи да летаме над нејзина територија – рече Фицо во видео порака објавена на социјалната мрежа Фејсбук. Тој рече дека Естонија ја донела оваа одлука и покрај фактот што Словачка има валидна лиценца за користење на нејзиниот воздушен простор.
– Секако, ова е намерен обид да се наруши мојата посета на Москва по повод официјалната прослава на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна – изјави словачкиот премиер. Според него, поради одлуката на Естонија, тој нема да може да присуствува на настаните планирани за вечерта на 8 мај во Москва.
– Протоколот во моментов прави се за да се осигураме дека ќе најдеме алтернативен пат – додаде Фицо.