Европската комисија се надева дека Мкедонија ќе ги започне пристапните преговори со ЕУ што е можно поскоро. Tие предупредуваат дека билатералните спорови не треба да го одложуваат пристапниот процес. Портпаролот на Комисијата, Ана Писонеро, ги повтори овие позиции на Комисијата на прес-конференцијата. Таа се осврна и на барањето на Бугарија Македонија да го вметне постоењето на бугарско малцинство во уставот. Порпаролката смета дека „сегашната влада е посветена на измена на Уставот на Северна Македонија“, објави „еКатимерини“.
Опозицијата во Северна Македонија, која е фаворизирана да победи на претседателските и парламентарните избори во среда, ја осуди „капитулацијата“ на владата пред барањето на Бугарија. Само 3.506 луѓе од 1.836.713 население во Македонија се опишале како Бугари на пописот во 2021 година, пишува медиумот.
Северна Македонија ќе ја спроведе својата заложба за усвојување на уставните измени во согласност со нејзините внатрешни процедури, како што е наведено во Заклучоците на Советот од јули 2022 година. Советот ја повикува земјава да го забрза усвојувањето на овие измени, по што е подготвен да го отвори првиот преговарачки кластер што е можно поскоро, согласно Преговарачката рамка.
– Се надевам дека и Северна Македонија и Албанија ќе може да ги отворат преговорите по Првиот кластер – Основни права, што е можно поскоро. Одлуката за тоа кога ќе бидат свикани следните Меѓувладини конференции сега е во рацете на земјите членки, додаде Писонеро.