Министерот Перински истакна дека токму преку програмата „ЕУ за општините“, која се спроведува со поддршка од Европската Унија, се зајакнува локалната економија и соработката меѓу институциите на сите нивоа.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, порачува дека успешната интеграција на Македонија во Европската Унија зависи од силната соработка меѓу Владата, општините и Европската делегација во земјава.Во објава на социјалните мрежи, Перински подвлече дека европскиот пат не е само политичка амбиција, туку процес на длабоки и суштински реформи кои имаат реално влијание врз животот на граѓаните.
– Цврсто сме посветени на процесот на децентрализација и јакнење на капацитетите на општините преку обезбедување конкретна поддршка и градење европски стандарди на локално ниво – изјави Перински, нагласувајќи дека овој пристап е дел од стратегијата за поефикасна јавна администрација и економски развој на локалната заедница.Министерот истакна дека токму преку програмата „ЕУ за општините“, која се спроведува со поддршка од Европската Унија, се зајакнува локалната економија и соработката меѓу институциите на сите нивоа.
Програмата има за цел да донесе конкретни резултати на терен, од подобрување на инфраструктурата до зголемување на инвестициите во образованието, животната средина и јавните услуги.– Благодарни сме за континуираната поддршка од Европската Унија, која е клучна за изградба на функционален систем и за зголемен квалитет на живот на сите граѓани – додаде Перински.