Приоритетните области се зелена транзиција, дигитализација, одржлив транспорт и развој на човечки капитал. На Самитот АДРИА 2025 во Црна Гора, Европската унија објави повик за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан. Целта е да се поттикне економскиот раст и интеграцијата на регионот во ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европската економска зона и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти до 21 мај 2025 година. Европската комисија ќе ги разгледа проектите и ќе ги поддржи преку политики и финансиски инструменти, соопштија од Делегацијата на ЕУ.
Приоритетните области се зелена транзиција, дигитализација, одржлив транспорт и развој на човечки капитал. Инвестициските проекти треба да имаат минимален обем од 10 милиони евра. Дополнителни информации за целта на повикот, критериумите за квалификација и оценување и други детали за начинот на аплицирање може да се најдат во повикот за изразување интерес. Извор: Новинска агенција МЕТА