36-годишна скопјанка вчера нападнала 21-годишна девојка, нејзина сосетка, соопшти МВР.
„На 02.03.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, М.Д.(21) од Скопје пријавила дека околу 14.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, поради претходно нарушени меѓусебни односи, била физички нападната од нејзината сосетка А.Г.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, пишува во полициското соопштение.