Од полицијата информираат дека вчера во ПО Македонска Каменица било пријавено дека во водите на езерото Калиманци била пронајдена почината 58-годишна жена од Македонска Каменица, која претходно била пријавена како исчезната.
-На 09.05.2025 во 09.45 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во водите на Калиманско Езеро била пронајдена почината Д.А.(58) од Македонска Каменица, која претходно била пријавена дека се оддалечила од домот- се вели во соопштението на МВР. Оттаму додаваат дека од страна на лекар била констатирана смрт, без видливи траги на насилство и бил извршен бил увид на местото од увидна екипа, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на семејството.