10.8 C
Скопје
08/03/2025 19:11
МАКТЕЛ

    

Жените во медиумите: Сензацијата носи кликови но ја задушува суштината

      

Стереотипи, скандали и површни наративи наместо приказ на реалната улога на жените во политиката, економијата и општеството – дали медиумите ја користат својата моќ за да ја зајакнат позицијата на жените или да ја поткопаат. Во медиумите, жените најчесто се наоѓаат во две крајности – или се дел од сензационална сторија, или се целосно игнорирани. Нивните приказни стануваат вест само кога носат кликови, а нивните гласови ретко се слушаат кога станува збор за суштинските општествени промени. Наместо да бидат рамноправно застапени, жените во јавниот дискурс се сведени на стереотипи, приватни скандали и површни наративи кои не ја одразуваат нивната реална улога во политиката, економијата и општеството. Овој начин на известување не само што ја искривува вистината, туку и директно влијае на нивната видливост и влијание во јавниот живот. Ако медиумите се вистинската моќ што може да ги менува општествените ставови, тогаш се поставува прашањето дали ја користат таа моќ за да ја зајакнат позицијата на жените или несвесно (или свесно) ја поткопуваат. Финансиските фактори не играат голема улога – жените во Македонија, без разлика дали се маргинализирани или политички активни, редовно се или сензационализирани или занемарени во медиумите. Иако медиумите имаат голема моќ да иницираат промени и да инспирираат различни движења, во многу случаи, кога станува збор за жените и женските прашања, изгледа дека тоа не им е приоритет. Наместо тоа, медиумите се фокусирани на добивање кликови и поголема читаност, што често резултира со поголема штета и ги обесхрабрува жените да се изразуваат и да бидат присутни. Ова не само што ги зајакнува штетните стереотипи, туку и го поткопува напредокот во остварувањето на родова еднаквост. Па така гласот на жената продолжува да биде маргинализиран, а нејзината вистинска улога и придонес во општеството остануваат незабележани.

Фокус на екстремните случаи. Медиумското покривање на жените жртви на родово базирано или семејно насилство често се фокусира на екстремни случаи – нагласувајќи го насилството, сиромаштијата и жртвата, додека подлабоките системски проблеми остануваат занемарени. Во меѓувреме, политички активните жени се потценуваат, нивните лични животи се ставаат под лупа и се изложуваат на поостра критика отколку нивните машки колеги. Истражувачката и коосновачка на женската менторска мрежа Стела, Сара Миленковска, смета дека медиумите сè уште не известуваат на соодветен начин за родово базираното насилство и фемицидите, а и генерално за злоупотребата на жените во јавниот простор.

Сара Миленковска, женска менторска мрежа Стела | фото: Мета.мк

   

„Можеме да видиме како родовите улоги и родовите стереотипи влијаат не само врз начинот на кој се креираат наративите туку и во двојната виктимизација која што се случува токму поради несоодветното известување. Особено кога имаме нормализирање – во превод дозволуваме родово базираното насилство да не се сфаќа сериозно и да се стави товарот на вината на жената односно на жртвата. Така го креираме наративот дека жртвата е виновна“, појаснува Миленковска. Таа додава оти медиумите не се осамени во придонесот кон лошите наративи поврзани со родово базирано насилство и фемицидот. „Кога имаме институционално неадресирање, медиумите само продолжуваат да го прават тоа што институциите веќе го дозволуваат “, вели Миленковска. Недостатокот на средства не е оправдување за сензационализам. Миленсковска смета дека иако медиумите се во неповолна ситуација, со недоволно финансирање и големи препреки во самоодржливоста, тоа не треба да биде оправдување за сензационализам, особено кога станува збор за известување за родово базирано насилство. „Ваквото известување може понатаму да влијае врз судовите, врз други жртви кои поминуваат низ истото насилство или некои слични ситуации но водедно и низ генралната слика за тоа како ние ги третираме жртвите на насилство“, вели таа. Го издвојува случајот со малолетното девојче од Велес кое беше силувано и продавано. Овој случај не само што беше сензационалистички претставен туку и влијаеше да се зборува за самата девојката и за нејзината историја. „А станува збор за малолетно девојче, затоа мора да внимаваме но и да бараме одговорност од самите новински агенции за тоа кој е начинот на кој што тие пристапуваат кон оваа прашње“, вели Миленковска. Пристапот треба да ги охрабри жртвите. Една од најчестите грешки кои ги прават медиумите кога известуваат за родово базирано и семејно насилство е тоа што не даваат доволен контекст за самата случка. Според Миленковска, во ред е да се корситат билтените на мвр за известување, но медиумите треба да видат кој е контекстот. „Друга почеста појава е родово несензитивен јазик, се корстат зборови како ужас, шокантно, медиумите наместо да известуваат поважно им е преку насловите да дојдат до повеќе кликови, а не што ќе напишат во веста која ја објавуваат“, појаснува Миленковска.

Како што посочува таа медиумите мора да ја разберат одговорноста но и моќта што ја имаат да го оформат јавното мислење. Моќта на медиумите е да влијаат врз јавното мислење, потенцира таа, можат да придонесат да се подобрат политиките поврзани со родовата еднаквост, родово базираното насилство и генерално неинформираноста за проблемите на жените и девојките. „Бројот на фемициди, бројот на домашно и родово базирано насилство и дигиталното насилство се реалноста која ја живеат сите жени и девојчиња, и тоа не смее да биде оставено на маргините или да биде оружје кое некој медиум ќе го злоупотреби“, вели Миленковса.

Скопје, 8 Март, 2022 г. | Фото: Ванчо Џамбаски

Жените во изборните циклуси се во слична ситуација

Жените кои учествуваа во кампањата за парламентарните избори во 2024 година се соочија со слични предизвици, јасен родов диспаритет во покриеноста, при што машките кандидати – особено партиските лидери – доминираат во медиумскиот наратив. Ова го покажаа резултатите од истражувањето за застапеноста на жените во политичкото рекламирање и во покривањето на интернет порталите, подготвено во рамки на проектот „Пари, медиуми и избори во Северна Македонија“ што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) во соработка со Фондацијата Метаморфозис. И покрај бројната застапеност на жените на кандидатските листи, сепак за време на кампањата, гласот на жените и женските прашања редовно бил маргинализиран. Жените биле застапени со 43 отсто на кандидатските листи за парламентарните избори, но таа застапеност била слабо отсликана во кампањите и медиумското известување. Жените, а особено темите поврзани со родовата еднаквост, најчесто отсуствувале во известувањето. Воочената недоволна застапеност на жените била обележана и со тенденцијата да се одржат традиционалните родови стереотипи, преку вообичаеното класично прикажување на жените преку нивната улога во семејството.

За време на избори медиумите ги јакнат традиционалните родови стереотипи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by META.MK (@meta_mk)

Истражувањето покажало дека лидерите на политичките партии и коалиции, кои најчесто ги поставуваат темите и ја одредуваат нивната важност, претежно не покажуваат родова сензитивност во своите изјави. Како резултат на тоа, речиси и да нема новинарски содржини од автори кои се осврнаа на прашањата за родовата еднаквост, учеството на жените во изборите и важноста да учествуваат, еманципацијата на жените, родово-базираното насилство, родовите дезинформации и говорот на омраза или предизвикот за надминување на родовите стереотипи. „Медиумската покриеност за жените беше површна, со повторувања и без длабинска анализа или истражувачко новинарство, и главно е сведена на пренесување на изјави од кандидати и други јавни личности“, се вели во истражувањето на Метаморфозис.

Скопе, 8 Март, 2020 г. | Фото: Ванчо Џамбаски

Како да се научи од позитивните примери на медиумско покривање?

Иако има позитивни примери од кои можеме да учиме, ситуацијата генерално не се менува и често се повторуваат истите проблеми во медиумското покривање на жените. Случајот на Жизел Пелико е силен пример за моќта на медиумите да влијаат на јавната свест и правдата. Таа ја напушти анонимноста и се одлучи да ја сподели својата приказна со јавноста, и не само што го приближи судењето до широката публика, туку и ги осветли проблемите со родовото базирано насилство и системскиот недостиг на поддршка за жртвите. Жртвата на масовното силување во интервју за „Франс 24“ изјави дека никогаш не зажалила за својата одлука да излезе во јавност откако нејзиниот бивш сопруг Доминик беше осуден на 20 години затвор, што стави точка на случајот што ги шокираше Франција и целиот свет. Во овој случај, западните медиуми извршија клучна улова во обелоденување на клучните поенти, со опширни написи кои опфаќаат многу повеќе од соопштенијата на полицијата, обвинителството, или судските пресуди. Во овој случај слично како случајот со малолетното девојче од Велес, жртвата беше дрогирана и силувана. Вакви случаи во Македонија има премногу, но известувањето за нив останува исто. Родово засновани правила за финансирање. Родово заснованите правила за финансирање се позитивен пример за тоа како може да се создадат конкретни механизми за промоција на родова еднаквост во политиката. Спроед истражувањето на ИФЕС и Метаморфозис, на тој начин не само што се обезбедува финансиска поддршка за жените во политиката, туку и се создава позитивен притисок за партиите да ги исполнат обврските за родова застапеност.

Можеби за некого е изненадувачки, но земјите од Латинска Америка водат во спроведувањето мерки кои гарантираат видливост на жените кандидати во медиумите. „На пример, Вишиот изборен суд на Бразил им доделува минимум 30 отсто од финансиските ресурси и бесплатното време за изборно рекламирање на женските кандидати“, се вели во истражувањето. Во некои земји, политичките партии се поттикнуваат да ја промовираат видливоста на жените во медиумите преку дополнително финансирање, време за емитување или намалени цени за рекламирање. Понатаму, во Италија и во Источен Тимор, партиите добиваат награди – или во форма на дополнително финансирање или време за емитување- врз основа на нивните напори да го зголемат медиумското присуство на жените кандидати и да ги исполнат одредниците за родова застапеност. Ограничени засилувачи на стереотипите. Медиумската покриеност на жените во Македонија останува ограничена, сензационалистичка и често несоодветна. Тоа има спротивен ефект и придонесува да се одржат родовите стереотипи и да се маргинализираат женските прашања. Наместо двигател на општествени промени, медиумите често се засилувачи на системскиот неуспех во третманот на родово базираното насилство, политичката застапеност и родовата еднаквост. Позитивните примери од други земји покажуваат дека соодветни регулативи и финансиски механизми можат да поттикнат поправедна застапеност на жените во медиумите. Затоа, неопходно е да се воспостават конкретни политики кои ќе ја подобрат медиумската видливост на жените, како и етички стандарди што ќе обезбедат одговорно известување за родово базираното насилство. Само преку вакви промени може да се создаде јавен дискурс што ги одразува вистинските општествени придонеси на жените, наместо да ги сведува на сензација или невидливост. Пишува: Деспина Ковачевска Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

(ВИДЕО) Внимавајте на измами и „фишинг“ преку одредени бесплатни игри на Steam

Sase Ivanovski

Вакцините не служат за депопулација на населението, туку за спасување човечки животи

Sase Ivanovski

Полска планира воена обука за секој возрасен маж поради зголемените безбедносни стравувања во Европа

Sase Ivanovski

Јужна Каролина ја спроведе првата смртна казна со стрелачки вод во САД по петнаесет години

Sase Ivanovski

Нацисти лажно претставени како претци на европски политичари

Sase Ivanovski

Поколна ноќ во Украина: Најмалку 14 загинати и 37 ранети во руски ракетни напади

Sase Ivanovski

Осми март ја затекна Северна Македонија без национална стратегија за спречување на насилството врз жените

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Женски марш во Скопје: „Смрт на фашизмот, слобода на жените“

Sase Ivanovski

На повидок нова германска влада, постигнат договор за посилна одбрана и економија

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Уапсен новинарот Шаровиќ кој постојано известуваше за протестите во Србија

Sase Ivanovski

Нова студија покажува дека еден од петнаесет Американци биле сведоци на масовно пукање

Sase Ivanovski

“Министерство за внатрешни работи – МВР”: ИЗВЕСТУВАЊЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Eлмас продолжува со добрата форма: Погоди со четворица играчи пред него

Sase Ivanovski

Ужасно насилство во Скопје: Три дена ги тепал сопругата и децата, а потоа ги фрлил од возило

Sase Ivanovski

Лазаров направи една промена во составот за натпреварот со Словенија

Sase Ivanovski

Туск за последните руски напади: Еве што се случува кога некој ги смирува варварите

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа во Охрид, загина мотоциклист

Sase Ivanovski

Жесток судир меѓу Маск и Рубио, милијардерот од државниот секретар барал отпуштања од администрацијата

Sase Ivanovski

Најмалку 20 мртви во руското гранатирање на Доњецк

Sase Ivanovski

Владата нема да се меша во какви било избори или именувања во правосудството, изјави Мицкоски

Sase Ivanovski

Во Сирија убиени над 340 цивили, тврди тамошнатаопсерваторија за човекови права

Sase Ivanovski

Мицкоски за паркингот на Клинички: Договорот не е потпишан, ако јавноста вели не сакаме, нема да го потпишеме

Sase Ivanovski

Филипче од Струмица: Кочоска не се извини, лицемерни ќе бидат денешните нејзини честитики за жените

Sase Ivanovski

Јошко Миленкоски по трет пат во кариерата ќе ја предводи Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) „Нека јадат ружи“ – женски марш по повод 8 Март низ скопските улици

Sase Ivanovski

Мицкоски не би се изненадил доколку растот во првиот квартал годинава е помеѓу 4 и 4,5 отсто

Sase Ivanovski

Студентите кои сакаат да учат: Иако се обидуваат да не попречат, ние не се откажуваме од нашите барања

Sase Ivanovski

Охриѓанец голтнал паковка со дрога откако бил запрен од полиција

Sase Ivanovski

Возач тешко повредил 76-годишен маж во инвалидска количка

Sase Ivanovski

Трамп сака да испрати војници во Источна Европа

Sase Ivanovski

Агелер ја посети Царинската управа: Чекорите што ги преземате се многу значајни за нас, но уште повеќе за вашите граѓани и безбедноста на државата

Sase Ivanovski

Повредени двајца тинејџери откако со „мерцедес“ излетале од патот Прилеп-Македонски брод

Sase Ivanovski

Приведен 56-годишен дилер во Охрид

Sase Ivanovski

Закон има, но никој не ја следи вредноста на осмомартовските подароци за наставничките

Sase Ivanovski

Полска подготвува воена обука за сите возрасни мажи

Sase Ivanovski

Ќе мачкаат ли повторно Србите македонски маргарин? – Северниот сосед ја укина забраната за увоз

Sase Ivanovski

Тодоровски испиша историја: 100 натпревари во дресот на македонската футсал репрезентација

Sase Ivanovski

СДСМ: Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ е напаѓај, лажи, оцрнувај – само да не покачиш плата!

Sase Ivanovski

ЧЕСТИТКА ОД ВМРО-ДПМНЕ ПО ПОВОД 8-МИ МАРТ

Sase Ivanovski

Јамалов: Инвестицискиот бум и големата заинтересираност на компаниите за кредитната линија, ќе придонесат за раст на БДП и развој на стопанството

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека го координира ССМ преку Трендафилов кој следи насоки од неговите шефови од Бихачка

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари преку „Ѓока“ ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Sase Ivanovski

СДСМ: Тимчо Муцунски и Пирамид Солушнс се во центарот на тендерската мрежа на ДПМНЕ, ќе објавиме се

Sase Ivanovski

СДСМ: ОД „ГРОЗЈЕ НЕ СУМ ПРОБАЛ“ ДО „ДОНЕСИ ПАПАЈА И МАНГО – МИЦКОСКИ СЕ ОДНЕСУВА КАКО СУЛТАН

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Од вазалство до хистерија –  политичка хипокризија на Филипче и СДС на дело!

Sase Ivanovski

(Видео) Герасимовски: Од 142 вработени во општина, 88 се жени, родовата еднаквост е реалност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јовевски во Студио 10: Како до достоинствени плати на македонските работници

Sase Ivanovski

Венко Филипче: Борбата за правата на жените е борба за праведно општество. Затоа секогаш ќе го креваме гласот против дискриминацијата, нееднаквоста и насилството.

Sase Ivanovski

Иван Стоилковиќ: Најостро го осудувам физичкиот напад врз мојот пријател и брат Никола Селаковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче од Струмица: Мицкоски сака да го научи народот да живее на воздух, а тие да нарачуваат папаја и манго

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Трендафилов молчеше цели 7 години и премолча масовен грабеж врз работниците и сега се сети да говори за работничките права кога на чело на Владата има нормална власт која подеднакво се грижи за сите

Sase Ivanovski

Љупчо Николовски: Нашиот син НОА дојде дома. Благодарам Aндријана Николовска за ова наша животна среќа. Благослов и дар од Бога.

Sase Ivanovski

Филипче од Струмица: Подготвуваме предлог закон за регулирање на породилното отсуство на жената земјоделка

Sase Ivanovski

In Memoriam ЏИН ХЕКМАН (January 30, 1930 – c. February 17, 2025)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Одамна немало ваков талент комичар на македонската сцена, браво за мистер Љубе

Sase Ivanovski

Украинските сили кои се борат во Русија се речиси опколени, покажуваат мапите со отворен код

Sase Ivanovski

СДСМ, Филипче од Струмица: Жените се нашата сила за напред, продолжува борбата за нивно економско јакнење и подобар животен стандард

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Венко беседи, Заев во Дубаи печали и гради згради, наместо да збори за жените, требаше да се извини за криминалот, бедата и корупцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Со вториот повик за реализација на проекти во Свети Николе ќе се инвестира над 2 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче од Струмица: Кочоска не се извини, лицемерни ќе бидат денешните нејзини честитики за жените

Sase Ivanovski

СДСМ, Каранфилова-Пановска: Кочоска ги навреди сите жени и треба да биде разрешена

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каранфилова-Пановска: СДСМ во изминатите години ја унапредуваше положбата на жените, продолжуваме да се бориме

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Филипче од Осмомартовскиот марш: Без силни жени немаме силна иднина, борбата продолжува додека рамноправноста не стане реалност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ, Колева од Струмица: Жените се движечка сила, денес поставуваме нови цели и правиме чекор напред

Sase Ivanovski

Стрелачки вод егзекутираше осуденик на смртна казна во САД

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во недостаток на теми и продуктивни дискусии и за да ја затскрие својата дезориентираност и изгубеност опозицијата отвора теми за набавки на владата кои по дифолт и вообичаено се правеле од 90-та до денес

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ, КРГ: Додека СДС кризира, нејзиниот лидер Заев е на богата печалба во Дубаи каде гради згради, како до авиокомпанија во Индија?

Sase Ivanovski

Зајкова го честиташе 8-Март: Денешниот празник е симбол на борбата за праведност, еднаквост и безбедност на секоја жена

Sase Ivanovski

Ќе мачкаат ли повторно Србите македонски маргарин?- Северниот сосед ја укина забраната за увоз

Sase Ivanovski

Две лица се обиделе да рекетираат скопски стоматолог

Sase Ivanovski

Повредени 12 лица во престрелка во Торонто, напаѓачот е во бегство

Sase Ivanovski

Луфтханза очекува администрацијата на Трамп да го поддржи Боинг и да ја забрза испораката на авиони

Sase Ivanovski

За осум месеци државата направи долг од 68 милиони евра за поврат на ДДВ

Sase Ivanovski

МОНОПОЛОТ ОСТАНУВА, НО ТРЕБА ДА ВОВЕДАТ НОВИНИ – Агенција за пошти со барања до државна Пошта, но и контроли кај приватните оператори

Sase Ivanovski

РЕВИЗОРОТ ЗАЧУДЕН: Како државно претпријатие „простило“ долг од 2,5 милиони евра

Sase Ivanovski

ДИРЕКТОРОТ НА „ИНФИНИТИ СОЛУШНС“, СЛАЃАН МИХАЈЛОВСКИ ВЛЕГУВА ВО НАДЗОРЕН ОДБОР НА ТТК БАНКА – ова е предлог на главниот акционер „Тетекс“

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ НАЈДЕ ЛИ КРАН ДА ГО КРЕНЕ „ФАКОМ“? Кралот на челичните конструкции изгуби 70 oтсто од приходите

Sase Ivanovski

ОЈО: Уценувале заболекар со видео снимка за 5.000 евра

Sase Ivanovski

СО ГОДИНИ БИЛА „ПЕРАЛНИЦА“ САД затворија руска криптовалутна берза

Sase Ivanovski
Вчитувам....