Денеска по шести пат Автомобилистичката федерација на Македонија организира женско рели на скопските улици. Пријавени се 80 учеснички. Условот е секоја да има возачка дозвола и сопствен автомобил, како и да пријави совозач. Во релито има два дела – градско возење по патека која се соопштува непосредно пред почетокот и брзински испит.
Организаторот вели дека преку натпревар во вештина и брзина сака да ги поттикне жените и девојките да се вклучат во автомобилизмот како спорт, но и дека сакаат да испратат порака за еднаквост, внимание и почит. Појдовната точка е спортскиот центар „Борис Трајковски“ во 10 часот и 30 минути.