Поранешниот амбасадор Андреј Жерновски на социјалните мрежи објави негово размислување за причините поради кои Арбен Таравари ја напушти владината коалиција. „Ниту една политичка партија не напушта влада која е успешна. Никаде и никогаш. Напротив, се заминува тогаш кога таа влада нема резултати. Или, најчесто, кога има, но се катастрофални. Така е (дури) и кај нас. Арбен Таравари вчера соопшти дека органите и телата на Алијанса за Албанците едногласно одлучиле да си заминат од Владата.
Да се потсетиме. Тоа не е било кој политичар, туку клучната фигура со чија кандидатура на последните претседателски избори дојде до целосен пресврт во албанскиот политички кампус, што повлече одлучувачки импликации и врз целокупниот. Владата на Мицкоски ја напушти не било која партија, тука главниот senior partner. А тоа кажува многу, да не речам се“, напиша Жерновски.