Во среда, 23 Април од 9:30 до 13:00 часот, МaxBet организира акција за дарување на крв во својот локал “Дабар 3” со адреса на ул. Фрањо Клуз бр. 7, Скопје. Оваа акција е 71-ва по ред која МаxBet ја реализира во рамките на својата иницијатива “Животот е крв” и прва која се одржува во Скопје, во соработка со Црвениот Крст на Република Северна Македонија и Институтот за трансфузиона медицина во Скопје. Ги повикуваме сите сограѓани да одговорат на оваа акција и да ја споделат со своите членови на фамилијата и пријателите, како би ја подржале оваа хуманитарна иницијатива заедно со нас. Вашата помош е од непроценлива вредност во обезбедувањето на потребните залихи на крв, кои се од клучно значење во итните медициски ситуации и неретко одлучуваат во спасување на човечки живот.
МаxBet обезбеди за сите дарители на крв симболичен поклон за благодарност за нивниот несебичен придонес. Спаси живот – дарувај крв. MaxBet е дел од Flutter International, водечка глобална компанија за спортско обложување и игри на среќа, чија иновација и технолошки напредок се препознаени на пазарите ширум светот. Со повеќе од 30 години искуство, MaxBet работи на повеќе од 450 локации во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, вработувајќи повеќе од 3000 луѓе. Како лидер во технолошките иновации, MaxBet постојано развива нови производи и услуги со цел да им обезбеди на своите корисници најмодерно и најбезбедно искуство. Нашата компанија е посветена на одговорно работење, со постојани инвестиции во одржливост и поддршка на локалните заедници. MaxBet е повеќе од игра – тоа е компанија која комбинира интернационално искуство со локална експертиза, создавајќи безбедно, сигурно и одговорно опкружување за сите учесници.