МАКТЕЛ

    

Жителите на Шуто Оризари оставени на немилост: Нема автобуси по 10 часот

      

          Граѓаните се принудени секој ден да се организираат во групи и да користат превоз со приватни автомобили на превозници, за што плаќаат по 50 или 100 денари во еден правец, зависно од тоа до каде се возат

Нема редовен јавен превоз во општината Шуто Оризари, во која според последниот попис, живеат повеќе од 25.000 жители. Граѓаните се принудени секој ден да се организираат во групи и да користат превоз со приватни автомобили на превозници, за што плаќаат по 50 или 100 денари во еден правец, зависно од тоа до каде се возат. Автобусите со број 19 и 20 сообраќаат во оваа општина, но само до 10 часот наутро. Превозот е редуциран поради тоа што, како што велат приватните превозници, Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје, им должи 140 милиони денари, нешто што во ЈСП го демантираат. Додека „војуваат“ ЈСП и приватните превозници, граѓаните го извлекуваат подебелиот крај плаќајќи секојдневно двојно, па и тројно за превоз до останатите општини, за да стасаат на факултет или на работа.

   

Екипа на Мета.мк беше во оваа општина, а жителите со кои разговараме велат дека проблемот трае со месеци. Средношколката Медина вели дека додека траела учебната година, таа и нејзините другари на секаков начин се снаоѓале за превоз до училиштето.„Учам во угостителското училиште. Требаше да одиме на пракса во хотел во Центар. Секој ден пешки одев и се враќав бидејќи немав превоз ни за одење ни за враќање. Понекогаш одевме повеќе луѓе со такси, но јас не можам да си дозволам да се возам со такси постојано, не работам“, вели ученичката. Салија Бекир не живее таму, но речиси секојдневно патува во Шуто Оризари поради работата.

„Автобусите не се редовни. Ги користев често кога ги имаше. Хигиената во нив е на многу ниско ниво. Има скршени седишта, не се климатизирани. Има еден автобус со број 20, имате чувство дека ќе се распадне на улица додека се возите. Автобусите се небезбедни, возачите често знаат да отвараат врати при возење, има ризик некој да падне. Поради нередовноста, преполни се. Понекогаш не возат до горе до последна 20-ка, туку кај затворот застануваат, па патниците мораат да пешачат до своите домови“, вели Бекир.

Aвтобусите со број 19 и 20 ги има само наутро во Шуто Оризари. 
Елвис Сали, трговец во Шуто Оризари потврдува дека проблемот трае веќе подолг период. „Моите снаа и сопруга работат во Центар. На работа одат со такси, во еден правец до Бит Пазар им е 50 денари. Некогаш се принудени да чекаат автобус, немаат избор, но автобусот не доаѓа“, вели Сали. Поразговаравме и со Сенада Jашар од Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари, која живее во оваа општина. „Најмногу од жените одат на работа во другите општини. Бидејќи нема автобуси, тие плаќаат такси за да стигнат на работа – 50 денари е до Бит пазар или до Пошта, а ако треба да оди жената на работа на пример во Карпош или во Аеродром, цената е 100 и повеќе денари. Навистина ова е сериозен проблем кој треба долгорочно да се реши“, вели Јашар.

Приватните превозници: Ако наскоро нема пари, нема воопшто да возиме

Мета.мк поразговара и со претставници на приватните превозници, кои не сакаа да зборуваат со име и презиме поради страв дека ЈСП нема да им го исплати долгот што го има кон нив за да можат нормално да функционираат. „Во сите институции сме се обратиле за нашиот проблем. Ни пари за 6 месеци, вкупно околу 140 милиони денари, на сите превозници. Ги молиме за свои пари. Возиме редуцирано, најдоцна до 11 часот возиме за да стигнат луѓе на работа, студентите да стигнат на полагање. Ако наскоро не ни пуштат пари нема воопшто да возиме. Има некои ветувања дека нешто ситно ќе ни префлеле, но тоа нема да го реши проблемот. Што попрво да направам со тие пари, дали нафта да ставам, дали храна да купам за дома, дали сметки да платам. Како да бидам сервис на градот и како да ги опслужувам граѓаните?“, прашува превозникот за Мета.мк.

Тој додава и дека не е исклучена можноста за протести ако наскоро не им се реши проблемот на приватните превозници. Во меѓувреме, Јавното сообраќајно претпријатие излезе со соопштение во кое беше наведено дека „приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред“. Оттаму негираат дека ЈСП им должи 140 милиони денари на приватните превозници. „Долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д. директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието.

Должни сме да потенцираме дека долг од 140 милиони денари во ЈСП кон приватните превозници нема. Моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони и редовно се исплаќаат авансни средства, а тоа не е сериозен проблем, од причина што големи суми се побаруваат во континуитет поради големите трошоци за нафта, односно секој месев одприлика околу 35 милиони месечно се фактурираат од превозниците во континуитет“, пишува во соопштението. Оттаму најавија дека ако превозниците прекинат да ја испорачуваат услугата кон граѓаните, ЈСП ќе било приморано да покрене соодветни тужби за надомест на материјална штета за непочитување на договорните обврски од страна на приватните превозници. „Трета година по ред се работи на усогласување на приватните превозници со стандардите и пред секој истек на договор во обид да се избегне исполнување на еко стандардите, се јавуваат истите притисоци со цел да продолжат да сообраќаат со старите автобуси“, наведено е во соопштението.

  

Најново

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на Македонија е поплочен со двојни стандарди

Sase Ivanovski

Путин сака војната да продолжи, ама се плаши да му каже на Трамп, вели Зеленски

Sase Ivanovski

Разрешениот директор Димовски: Не сакам ова да остави трага врз угледот на „Орце Николов“

Sase Ivanovski

„Би-би-си“: Путин ја откри слабоста во стратегијата на Трамп

Sase Ivanovski

Мицкоски се закани со протести ако „петтемина жигосани“ од Судскиот совет не се повлечат од функциите

Sase Ivanovski

Врие во Босна – Република Српска го изгласа нацртот на новиот устав кој дава можност за отцепување

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Крокодилите доаѓаат“: познати ексју-музичари заедно против коцкањето

Sase Ivanovski

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

Кремљ до САД: Не го сакаме претставникот на Трамп за мировните преговори меѓу Украина и Русија

Sase Ivanovski

Белата куќа на Трамп побара од американската војска да развие алтернативи за Панамскиот канал

Sase Ivanovski

Снимки од тајните состаноци, припрема за граѓански војна и државен удара во Србија

Sase Ivanovski

Владата ќе го репреговара договорот за италијанските хеликоптери

Sase Ivanovski

Зеленчукот е задолжителен…!

Sase Ivanovski

Големата бучава од Косовската страна на Шар планина не може а да не ви го предизвика љубопитството да проверите за што станува збор…

Sase Ivanovski

Трамп се деконцентрира кога ги виде чорапите на ЈД Венс

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Дали ќе ескалира политичката криза и локални избори нема да има?

Sase Ivanovski

„Само Интервју” со Христијан Мицкоски

Sase Ivanovski

Посета на амбасадорката на САД на македонската царина

Sase Ivanovski

Прифатен предлогот од Шанса- зони за смирен сообраќај

Sase Ivanovski

Митови и факти – Рингов: Ме уапсија во Струмица за бесплатно да потпишам во Вардар

Sase Ivanovski

Каде се парите?: 2024 година беше најуспешна во последниве 10 години за Македонска берза Македонската берза лани далеку подобра во споредба со 2023 година. Огромен раст на прометот и на пазарната капитализација.Топ акциите продолжуваат да доминир…

Sase Ivanovski

ЗАГРИЖЕНИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО И НАРУШЕНИОТ ИМУНИТЕТ ДВАЈЦА ГРАЃАНИ ПОТЕГНАА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ФОРМИРАЊЕ ЕКО ЗАЕДНИЦА НА 15-20 КИЛОМЕТРИ ОД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Доставувачите апелираат: Нема да ви ги доставиме нарачките ако оставате погрешни адреси и телефонски броеви

Sase Ivanovski

Во Брисел се апсат европратеници за поткуп од „Хуавеј“

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: Гласна музика во доцните часови, фрлање отпад и незаконско заземање на јавен простор – повеќе нема да се толерира!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ристо Пенов, во студиото на „Здраво Македонијо“ ни зборуваше за нашето Скопје, некогаш и сега

Sase Ivanovski

Уапесена мајка монструм во САД: 20 години го држела синот затворен во соба, се спасил така што ја запалил куќата

Sase Ivanovski

Русија: ФСБ спречи бомбашки напад врз воени и државни службеници

Sase Ivanovski

Регулаторната комисија им наложи на ЕВН и Електродистрибуција да ги раздвојат брендот и операциите

Sase Ivanovski

Поднесена кривична пријава против Вучиќ

Sase Ivanovski

„Ќе им се случи народ, а јас ќе бидам прв на улица“ – Мицкоски најави протести против членовите на Судски совет

Sase Ivanovski

Трамп: Мислам дека анексијата на Гренланд ќе се случи

Sase Ivanovski

Доналд Трамп, ретките метали и Македонија

Sase Ivanovski

БУГАРИЈА СЕ ОТКАЖА ОД ПРУГАТА ДО МАКЕДОНИЈА А нас ЕУ нè тераше да си ги фрлиме парите

Sase Ivanovski

Гренел: Венецуела се согласи повторно да прими авиони со депортирани мигранти од САД

Sase Ivanovski

Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции

Sase Ivanovski

За пожарите во близина на Атина пред седум година обвинителката побара 12 обвинети да бидат прогласени за виновни

Sase Ivanovski

Европратеници: Фон дер Лајен да ја предупреди Србија дека каква било репресија на 15 март ќе влијае на европската иднина на земјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Ислам Абази „таргет“ на Мицкоски за домашниот притвор на Јахоски. Очекувал новинарите да му го стават името во насловот на текстовите.

Sase Ivanovski

„Пуцко петрол“: Никогаш не сме доставувале мазут во ЕСМ

Sase Ivanovski

Агелер: Внимателно ги следиме процедурите во Собранието во врска со изгласаните интерпелации за членовите на Судски совет

Sase Ivanovski

Доминго слета во Скопје и одржа проба: Концертот е најавен како еден од најспектакуларните во историјата на македонската музичка сцена!

Sase Ivanovski

Лукашенко стигна кај Путин: Украинците веројатно нема да се согласат на примирје

Sase Ivanovski

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

Sase Ivanovski

Татко го пријавил во полиција момчето на ќерка му поради закани и уцени

Sase Ivanovski

Трендафилов: Не ни требаат сеирџии, Владата не остави во арената да се тепаме со работодавачите

Sase Ivanovski

Додик: Ќе формираме свој суд и обвинителство, а Шмит „ќе го гониме како ѕвер“

Sase Ivanovski

Сијарто: Сите обоени револуции завршија трагично и го дестабилизираа целиот регион

Sase Ivanovski

Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Путин: И ние сме за прекин на огнот, но имаме некои прашања

Sase Ivanovski

Трамп рече дека цел свет ги ограбува САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Над 50 затвореници избегаа од затвор во Индонезија, успеаја да го пробијат силното обезбедување

Sase Ivanovski

Портпаролот на Кремљ објасни зошто Путин се појавил во воена униформа

Sase Ivanovski

Вајц: Повикот на Владата за оставки на членови на Судскиот совет е политичко мешање во судството

Sase Ivanovski

Илјадници отпуштени федерални работници мора веднаш да бидат повторно ангажирани

Sase Ivanovski

Англиската граѓанска војна беше серија граѓански војни и политички махинации помеѓу ројалистите и парламентарците во Кралството Англија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Проф. д-р Зоран Трајковски, специјалист по радиологија: Во Центарот за третман на болка, тимот на радиолози е фокусиран на третманот на најтешката форма на болка, онаа која произлегува од малигни заболувања

Sase Ivanovski

Христијан Мицкоски: Денеска остварив средба со албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани

Sase Ivanovski

Панче Тошковски: Меѓународна сертификација на Центарот за обука на МВР, градиме професионална, обучена полиција, која ќе го привлекува најдобриот човечки потенцијал, најдобрите кандидати.

Sase Ivanovski

Маск ќе му донира 100 милиони долари на Трамп за рекламирањето на Тесла

Sase Ivanovski

Брнабиќ: Посетата на синот на американскиот претседател е јасна порака за почитување на Србија

Sase Ivanovski

Русија до САД достави список со барања за прекин на војната

Sase Ivanovski

,,Д Фест” не е приватна сопственост, туку традиција на општината и останува во Дојран!

Sase Ivanovski

Овчар осомничен за предизвикување опасност со пожар кај Катланово

Sase Ivanovski

Новоматик Македонија – нов спонзор на Фудбалската Федерација на Македонија

Sase Ivanovski

Нов корупциски скандал го тресе Европскиот парламент, има сомнежи за перење пари

Sase Ivanovski

Русија подготвена да разговара со САД за мир уште денеска

Sase Ivanovski

Ветеринари и полицајци биле спречени од сопственици на говеда да извршат контроли врз добитокот

Sase Ivanovski

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Sase Ivanovski

Зегин онлајн е најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје за 2024 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Антонио Аргир во „Бизнис-клуб“: „Банкарството е еден од столбовите за стабилност на нашата држава“

Sase Ivanovski

МНР: Софија се обидува одговорноста за неисполнетите меѓународни обврски да ја префрли на Скопје

Sase Ivanovski

Димитров: Реформите се изгубија, ЕУ си има сериозен проблем со заштита на интегритетот на процесот кој кај нас целосно се преврте

Sase Ivanovski

Советникот на Сиљановска: Владата треба да има план да ги раскине или модифицира договорите со Грција и Бугарија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Загриженоста на опозицијата за нашите односи кон ЕУ поради стратешките односи со САД е на лицемерни односи

Sase Ivanovski

Американски тим патува за Москва – Путин го посети регионот Курск

Sase Ivanovski

Реизданија на „Мистер Но“ и „Гричка Вјештица“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2024 година

Sase Ivanovski

Кина го искулира Маск: Два автомобили по цена на една Тесла

Sase Ivanovski

Фестивал на документарен филм во Солун: „Малите луѓе“ против големите диктатори и авторитарни системи

Sase Ivanovski
Вчитувам....