Жител на селото Блатец ќе одговара откако дошол во двор на училиште во Виница и ѝ се заканувал на директорката и на нејзиното семејство, соопшти МВР.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.П.(40) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. На 19.03.2025 во двор на основно училиште во с.Блатец, пријавениот упатувал закани по живот на директорката на училиштето и на нејзиното семејство“, пишува во полициското соопштение.