Дваесет и двегодишен жител на липковско Опае со својот „мерцедес“ удрил во 91-годишен пешак од Куманово, при што тој се здобил со тешки повреди. – На 27.02.2025 околу 13.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ќ.С.(22) од с.Опае, општина Липково, удрило во пешакот Т.Д.(91) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
View this post on Instagram