40 годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77 годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет. 45 годишен жител на село во скопско е пријавен за насилство врз членови на неговото семејство, информира денеска МВР.
„На 25 мај во 23 часот, во СВР Скопје 40 годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом таа, нејзината 77 годишна мајка и нивниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг М.С.(45), кој употребил и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР. Извор: Новинска агенција МЕТА