МАКТЕЛ

     

Жртвите каснати од куче доживуваат траума, преку едукација до намалување на ризикот од напади

      

Љубовта кон кучињата се негува од мали нозе, но, колку и да е таа љубов голема, за жал, понекогаш, доаѓа до каснување кое остава последици. Дневно може да се случат и по неколку каснувања од домашни или улични кучиња, за што граѓаните се обештетуваат од страна на општините или сопственикот на кучето. Дел од експертската јавност смета дека е неопходно да се подигне свеста кај населението за тоа кои видови на кучиња е најдобро да се одгледуваат во домашни услови и каква внимателност е неопходна кога се работи за кучиња скитници, на кои треба да им се помага, но и да се внимава доколку се болни или поагресивни.

При угриз од куче да се побара совет од лекар, а не интернет мислења

   

Педијатрите и докторите по ветеринарна медицина препорачуваат да се побара лекарска помош за да се утврди за каков вид на повреда станува збор. Нагласуваат дека е од исклучителна важност да се следат советите на здравствените работници, а не да се применуваат искуствата и мислењата што се споделуваат на социјалните мрежи или на форумите за миленици. Педијатарот доктор Ангелчо Андоновски во изјава за МИА вели дека во последно време се повеќе има ситуации во кои деца имаат проблеми после каснување од куче.

– Треба да се побара помош веднаш штом се појават првите симптоми. Најчестите симптоми кај децата се несоница, попуштање во училиште со поведението, стравови да се движат во околната средина, токму поради фактот дека постојано сметаат дека ќе бидат каснати, појаснува Андоновски, кој е дел од тимот на Здружението на граѓани „Откритие“ кое реализира програма за поддршка и заштита на жртви од напади од кучиња.

Програмата е дизајнирана да ги заштити граѓаните од ризиците поврзани со напади од бездомни или сопственички кучиња, како и да им обезбеди сеопфатна поддршка за справување со последиците од ваквите инциденти. Докторката по ветеринарна медицина Искра Бекриќ, која исто така е дел од тимот, нагласува дека во напади на куче не спаѓаат само угризите, туку и агресивното лаење и ‘ржење, бркање при движење или возење велосипед, трчање по возило во движење, со што може да се предизвика сообраќајна незгода и слично. Бекриќ посочува дека дел од угризите од куче се минорни и површински, при што доволно е да се дезинфецира раната, но дека има и посериозни случаи.

– Станува збор за случаи на угриз од куче при што доаѓа до раскинување на кожата, поткожните ткива или мускулите.. Најголемите ризици се инфекциите при продирање на бактериите и вирусите присутни во усната шуплина и плунката кај кучето. Најсериозните бактерии се скоро секогаш присутната пастерела како и предизвикувачите на тетанус и беснило. Особено значајно е брзо да се побара медицинска помош, бидејќи можноста за инфекција на раната се зголемува 12 часа по угризот. Важно е да се напомене дека одредени раси на кучиња имаат доволно силна вилица да предизвикаат и фрактура на местото на угризот, особено ако се работи за угриз на екстремитети или на лицето, истакнува таа.

Пренесувањето на бактеријата која предизвикува тетанус е ретко, вели Бекриќ, но не е исклучено.

– Ризикот од пренесување на беснило во моментов во нашата држава е многу низок и последниот пријавен случај кај животно е во 2013 година, но никогаш не треба да се изостави напоменување на забележани симптоми кај кучето кое нападнало како неиспровоциран напад, зголемена агресивност, зголемено лигавење или пена од устата. Доколку процени дека е потребно и доколку нема приложена информација за вакциналниот статус на животното, здравственото лице ќе препорача имунизација и против беснило, нагласува Бекриќ. Оваа докторка по ветеринарна медицина вели дека примената на антибиотици не е секогаш потребна, особено не при рано делување и обработка на раната.

– Но, повторно напоменувам дека е од исклучително голема важност да се следат советите на здравствениот работник, наспроти искуствата и мислењата на членови на форуми и фејсбук групи за миленици. По посериозен угриз од куче за кој е потребна медицинска асистенција, би добиле неколку прашања. Дали се работи за сопственичко или улично куче? Доколку е сопственичко, дали го познавате сопственикот на кучето и дали тој може да приложи документација за неговиот вакцинален статус и да образложи зошто настанал нападот? Доколку е улично, дали има можност да се лоцира и залови со цел да се евалуираат неговата здравствена состојба и степенот на агресивност?, образложува Бекриќ. Таа истакнува дека по напад од куче, агресивноста кај него ја одредува ветеринарен доктор кој е обучен да спроведе тест на социјализација, иако за релевантноста на истиот, како што додава таа, улога имаат многу фактори.

– Најголемиот проблем е што овие тестови, особено кај бездомните кучиња, се изведуваат во средини неприродни за кучето, со што дополнитено се зголемува вознемиреноста кај него. Доколку се процени дека кучето покажува агресија, се преминува кон одредување на степенот на таа агресија. Доколку се работи за предизвикана агресија и истата не е постојана, се спроведува дресура на кучето. Доколку се процени дека кучето е екстремно агресивно и опасно за околината, се спроведува хумана евтаназија, подвлекува Бекриќ.

Програма за заштита на жртвите од угриз и напад од куче

Програмата за поддршка и заштита на жртви од напади од кучиња „Откритие“ е релативно нова. Целта е да се подигне свеста од ризикот од угриз од куче, а за успешно реализирање на активностите вклучени се психијатри, психолози, доктори по ветеринарна медицина, адвокати, професионалци кои работат секојдневно со кучиња и се справуваат со напади од кучиња.

– Преку нашата програма сакаме да влијаеме на одговорното сопствеништво, на начинот на бирање куче – каква раса на куче ќе се избере, како да се чува правилно за да не дојде до ситуација на угриз. Тоа е многу важно и таа педагогија можеме да ја направиме, појаснува Илија Петковски, магистер по природни науки на Сорбона, кој е дел од оваа програма. Програмата има и една друга перспектива, а тоа е едукацијата на луѓето кон ризикот од напад од улични кучиња. Бездомната популација на кучиња расте и нападите од кучиња растат на глобално ниво, вели Петковски, додавајќи дека Светската здравствена организација има прогласено буквално епидемија на напади од кучиња на светско ниво и дека тоа е тенденција којашто ќе расте и треба да бидеме свесни за тој ризик.

– Во Македонија има официјално статистики, точно шест напади пријавени од бездомно куче на човек на ден. Голем дел не се пријавени, бидејќи голем дел од граѓаните не си ги знаат своите права и на кој начин, кои се правните процедури за да се изборат за обесштетување при таков угриз и голем дел од тие напади, за жал, не се евидентирани, не влегуваат во овие статистички податоци. Исто така голем дел, можеби и мнозинството на овие напади, воопшто никогаш нема да ги забележиме во статистиката, затоа што се случуваат во домашни услови од сопственото куче поради несоодветно поставување и непрепознавање на знаците на говорот на телото на кучето пред да се случи такво нешто, подвлекува Петковски. Граѓаните кои се нападнати од куче имаат право на соодветен паричен надоместок, што зависи од силината и траењето на повредата, а обврската за исплата на финансиските средства е на Град Скопје, општините или на сопственикот доколку кучето е домашно.

– Во мојата пракса сум имала судски постапки за надомест на штета и од угриз и од туркање од куче, но и сообраќајна незгода настаната од куче скитник. Сите досегашни повреди на моите клиенти се поткрепени со соодветна медицинска документација, фотографии од повреди и потврда од МВР. Многу ретко се предомислуваат да започнат судски спор. Не можам да дадам точен број колку напади имам регистрирано во 2025 година, од причина што во некои случаи имам само телефонски јавувања од граѓани кои бараат правен совет, а некои се во фаза на прибирање потребна документација. Од мојата пракса, најчести напади се од бездомни кучиња. Меѓу нападнатите, има луѓе од сите категории, помлади, повозрасни и слично, вели адвокатката Павлинка Гичева-Петкова

  

Најново

Запален автомобил „Ауди“ во Чаир

Sase Ivanovski

Беким Фетаи официјално е нов ректор на државниот универзитет „Мајка Тереза“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски призна – полицијата казнила недолжен граѓанин наместо братот на градоначалникот Стефковски

Sase Ivanovski

Божиновска се пофали: Државата годинава наплатила повеќе од приватниците што ни ги екплоатираат рудните богатства

Sase Ivanovski

Шпанија прогласи вонредна состојба, Португалија се бори со хаос во транспортот поради масовниот прекин на електричната енергија

Sase Ivanovski

Украдено возило на АРМ кое било оставено кај автомеханичар

Sase Ivanovski

Откако најавија дека ке им дојдат во Скопје ОЈО ги кани на средба семејствата на настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Нека се држат до Уставот и нема да згрешат – порака на Сиљановска-Давкова до уставните судии во врска со Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Кос: Мора да застанеме против автократиите – Кошта од Софија: Ќе работиме со Македонија за надминување на проблемот

Sase Ivanovski

В.д градоначалникот Крстевски им даде 30 дена период на угостителите да ги прилагодат летните тераси според законските прописи – Во спротива насилно рушење на објектите

Sase Ivanovski

Јован Насев од Гевгелија најдобар стрелец на турнир во Грција

Sase Ivanovski

РСБСП ја започна кампањата за матуранти: „На матурска вечер без автомобил!“

Sase Ivanovski

Шекеринска не верува оти американската војска ќе се повлече од Косово

Sase Ivanovski

Унгарската влада обвинета за нелегални субвенции за провладини медиуми

Sase Ivanovski

Денот на Европа ќе се одбележи преку солидарност – Сите заедно ќе трчаме за Кочани

Sase Ivanovski

Драмски театар не ја додели наградата „Горан Стефановски“, ќе се објави нов конкурс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сообраќајот во хаос, колапс на аеродромите: Нема струја во Шпанија и Португалија

Sase Ivanovski

Бугари бараат да и се одземе државјанството на нивната пејачка Василија, оти пеела на чествувањето на Јане Сандански во Мелник!

Sase Ivanovski

„Марш за ангелите“ утре во Скопје организираат родителите на настраданите во клубот „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Обвинение за браќата кои во Арачиново поради наводен долг од 7.000 евра го убија таткото, а го ранија синот

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: ДУИ не сака да оди само на локални избори, уплашени се!

Sase Ivanovski

Уставниот суд – нејнереформираната институција во државата во изминатите 34 години

Sase Ivanovski

Свлечиште сруши дел од патот среде Галичник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кузеска: Братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Sase Ivanovski

Ивановска: Димитровска мора веднаш да поднесе оставка, само така ќе се обнови кредибилитетот на ДКСК

Sase Ivanovski

Ако трговците пак ги зголемат цените ќе ја ограничиме маржата за скоро сите производи, најави Дурмиши

Sase Ivanovski

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ на наредните локални избори ќе има убедлив историски триумф наспроти целата опозиција заедно

Sase Ivanovski

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

Sase Ivanovski

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Sase Ivanovski

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Sase Ivanovski

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Sase Ivanovski

Од Северна Кореја потврдија дека испратиле војници да се борат за Русија во војната во Украина

Sase Ivanovski

Дезинформаторски телеграм-канал на македонски – дел од руската мрежа „Правда“

Sase Ivanovski

Семејствата на жртвите во Кочани утре на протестен марш во Скопје

Sase Ivanovski

Двајца браќа осомничени за убиство и обид за убиство на подмолен начин на татко и син

Sase Ivanovski

Скопскиот аеродром од мај добива директни летови до Барселона и Лион

Sase Ivanovski

Европска недела на имунизација: Високата покриеност со вакцинација спречува епидемии

Sase Ivanovski

Бензините и дизел горивото поскапуваат за 2 денари

Sase Ivanovski

УСС при УКИМ и Студентското пленумско движење утре ќе го поддржат „Маршот за ангелите“

Sase Ivanovski

На 25 мај хуманитарна трка за погодените од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Јавното обвинителство ги поканува на средба претставниците на семејствата кои утре ќе излезат на „Маршот на Ангелите“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Српската полиција физички се пресмета со студентите во Нови Сад

Sase Ivanovski

Уставниот суд отвори јавна дебата за донесување на Закон за Уставен суд

Sase Ivanovski

Јавна експертска дебата за потребата од Закон за Уставниот суд

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривични пријави против поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski

ДА СЕ РАЗГЛЕДААТ СИТЕ ОПЦИИ ПРЕД ИЗБОРОТ НА НОВА ХИДРОЕЛЕКТРАНА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МУХСИН АРИФИ ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА ГО ЧЕКА ПОСРЕДНИКОТ ДА ЗЕМЕ 20.000 ЕВРА МИТО ОД СТАРАТЕЛКАТА НА ПАЦИЕНТКАТА

Sase Ivanovski

ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕКОЈДНЕВНИ АВАНТУРИ – ЛАНСИРАНА КАМПАЊА ЗА НОВАТА OPEL FRONTERA

Sase Ivanovski

Приведен возач од Тетово, управувал возило со брзина од 111 км на час на место каде е дозволено 50 км на час

Sase Ivanovski

Ристовски: Министерството за спорт вложува во спортска инфраструктура и во создавање на млади успешни спортисти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче до милиметар ја следи политиката на Заев, кој со една рака на срце се колнеше во македонска жичка, додека со другата ја распродаваше

Sase Ivanovski

Уставниот суд отвори јавна дебата за Закон за Уставен суд

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Над 60 проценти од граѓаните сметаат дека борбата на Владата со криминалот и корупцијата е интензивна и континуирана, но бараат и реформа во правосудството

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Тошковски пред матурантите: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

Sase Ivanovski

Собраниска делегација на состанок на Парламентарниот пленум на Енергетската заедница во Брисел

Sase Ivanovski

ДКСК: Државната комисија како институција продолжува да работи независно и ефикасно, во согласност со своите законски надлежности и својот мандат

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност започнува клучна постапка во рамки на заложбите за транспарентност и борба против корупцијата

Sase Ivanovski

Филков : Сите закони кои се дел од реформската рамка се подготвени или се во финална фаза на усвојување

Sase Ivanovski

Јаневска: Со повеќегодишен буџет Владата ќе ја поддржи инфраструктурната модернизација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун

Sase Ivanovski

СРЕДБА ГАШИ – ХАЏИЕВ ПРЕД СОСТАНОКОТ ВО СКОПЈЕ НА КОМИСИЈАТА ЗА ПРАВНИ ПРАШАЊА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА НА ПАБСЕК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал – Братот на градоначалникот Стефковски лета по улиците, за него не важат законите

Sase Ivanovski

Царинската управа е високо посветена на забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ -преземените чекори препознаени од Европската Комисија

Sase Ivanovski

Министерство за правда: Едукативна кампања – „Наша надлежност, твое право“,

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е канцерот кој 4 години систематски ги разјадува институциите во општина Прилеп

Sase Ivanovski

Обраќање на претседателот Гаши на доделувањето сертификати за завршена Академија за пратеници

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 1570 сообраќајни прекршоци минатиот викенд, 758 за брзо возење

Sase Ivanovski

Герасимовски: И годинава подготвуваме настан за најмладите „На одмор сум, во Скопје сум“, вложуваме во културата

Sase Ivanovski

Дурмиши:Безбедноста и здравјето на работниците е наш фокус, дигитализацијата на работниците процеси ќе овозможи отварање на нови работни места

Sase Ivanovski

Герасимовски: Противпожарната обука и брзата реакција се клуч за безбедноста на институциите и вработените

Sase Ivanovski

МЗ Галичник: Ургентно известување за свлечиште на главниот пат во Галичник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали методот евро за Вицето, е методот кој народот треба да го учи од Заев, според Филипче?

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Вчера 96 сообраќајни прекршоци во Скопје, 41 за брзо возење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Деловните простории во центар на Скопје кои Левица ги купи по багателна цена, не биле подрумски, туку високо приземје каде отвориле и локал

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Посветената и чесна работа на Владата препознаена и признаена од граѓаните, последната анкета покажа огромна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски

Sase Ivanovski

СДСМ: Со 400.000 евра тендер за анкети се платени манипулациите на Маркет Вижн

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Богданка Кузеска: Власта со сите можни инспекции врши притисок врз градоначалниците на СДСМ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со дрзок обид за злоупотреба на чувствата на народот, ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на правадата и законите

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија осварува средби со граѓаните,членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“ во Демир Капија и Гевгелија

Sase Ivanovski
Вчитувам....