Поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Возачите се советуваат да ги почитуваат мерките и да ја следат состојбата на теренот за своја безбедност. Како што соопшти АМСМ, забраната важи и за патниот правец крак Маврово-Дебар.