Тој додава дека ако се погледне трговската размена меѓу земјите ќе се види дека она што е направено, не може да биде поништено.
-Дека иницијативата е жива, витална, активна и динамична потврдува и заедничката изложба на Отворен Балкан во Париз отворена од страна на трите министерки за култура, на само неколку дена после посетата на премиерот Рама во Скопје, а потоа следеше и второто издание на винскиот саем во Белград на кој учествуваа и Северна Македонија и Албанија, а пред еден месец беше пуштена во употреба мерката за слободен пристап до пазарот на труд за граѓаните на трите држави – вели Забрчанец.Тој побара Отворен Балкан да биде поддржан од сите политички чинители и сите кандидати на овие избори кои се залагаат за европска интеграција.
-Политичарите кои го поддржуваат Отворен Балкан ја поддржуваат европскатата интеграција на земјава, се залагаат за регионалната соработка, за економската мобилност и слобода, за поголема трговска размена и против брз проток на граѓаните, производите и услугите – заклучува Забрчанец.