Во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера, околу 16.20 часот, на регионалниот пат Скопје -Тетово, загина 19-годишна девојка.
-Патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишната М.Џ. од село Семениште, Општина Сарај, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.М.(19) од село Семениште, која била пренесена во Комплекс клники „Мајка Тереза“, каде што во 17.40 часот лекар констатирал смрт – соопшти денеска МВР. Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција