Во сообраќајна несреќа на улицата „Цветан Димов“ во скопската населба Чаир, загина еден малолетник, а друг е тешко повреден. Според информациите од МВР, 16-годишнен мотоциклист починал од здобиените повреди, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Четиринаесетгодишник кој управувал електричен тротинет, пак, се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
„На 27 април 2025 во 02.28 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје, и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.