Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево кај местото Ашање, во Србија. Како што дознава српски Курир, сообраќајната несреќа се случила во 19 часот и 12 минути на патот Петровчиќ кон Карловчиќ, во близина на кружниот тек. Возачот на автомобилот најверојатно поради несоодветна брзина изгубил контрола и удрил во бетонски крст. Брза помош само констатирала смрт кај младиот човек.