Загрижувачки е што премиерот и оној кој треба да му каже не знаат дека Струмица има аплицирано со 13 проекти за средствата од унгарскиот кредит, објави на Фејсбук градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов. Прво, да му се заблагодарам на Претседателот на Владата што ми даде дозвола да ја критикувам работата на Владата. Навистина ми значи, особено во услови кога за цензура во јавниот говор токму тој одлучува. Второ, досега имаме аплицирано со 13 проекти. Тоа што претседателот на Владата се уште не е информиран за нашите апликации е загрижувачки, особено што надлежниот министер кој треба да го информира стои позади него. Подолу е листата на проекти за кои имаме доставено целосна документација. Сите овие проекти чекаат реализација! – напиша Костадинов на Фејсбук.


