Почитувани, Нашата заложбата за фер, прецизен и недискриминаторски систем на наплата на електричната енергија продолжува на 11 април на состанокот со членовите на Регулаторната комисија за енергетика. До нив упативме наш предлог за измени на Правилата за снабдување со електрична енергија кој е резултат на конкретните приговори од граѓаните и потребата од системско решение без вршење на проценки, туку наплата според реално измерената потрошувачка.
Со нашиот предлог предвидуваме да нема сомнителни фактури базирани на „претпоставки“ туку да има редовно месечно читање на струјомерите и секој потрошувач да добива сметка според реалната, а не според некаква проценета потрошувачка. Во случаите кога не е прочитано броилото на време ЕВН да врши автоматска корекција на сметките без поднесување на приговори од страна на потрошувачите.
Со почит