-Ќе го искористиме целото наше знаење и капацитети и ќе работиме на системите за пријавување корупција, како и обезбедување заштита и доверливост на лицата што пријавуваат. Верувам дека ќе обезбедиме ефикасна координација и брза реакција со цел тие да се процесуираат и санкционираат во најкус можен рок. Нашата поддршка на оваа кампања е безрезервна и со јасна намера за зголемување на транспарентноста и одговорноста во институциите, создавајќи средина каде што граѓаните се чувствуваат безбедно да пријавуваат неправилности- рече Јанев.
Тој истакна дека е убеден дека со овој проект ќе се намалат коруптивните дејствија на сите нивоа.
-Треба на проблемите кои што сите ние како граѓани ги имаме, а се генерирани од коруптивни дејствија, да почнеме да им ставаме крај. Ова да не бидат декларативни зборови, туку да преминеме во акција- рече директорот.
Мојца Кузмички, експерт за антикорупција и перење пари посочи дека главниот фокус на оваа кампања е подигнување на свеста и градењето доверба, за луѓето кои ќе ја препознаат корупцијата, да се чувствуваат безбедно и охрабрено да ја пријават.