Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам денес одржа конститутивна седница, со која претседаваше националниот координатор Павле Трајанов.
На седницата се расправаше за актуелната безбедносна состојба во Македонија, со посебен акцент на активностите за спречување на радикализацијата, насилниот екстремизам и тероризмот. Општа е оценката дека Македонија е стабилна, а заканата од терористички напади е на ниско ниво.