Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков и директорот на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, Илија Стоилев денеска ќе остварат работна средба со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев.
На средбата ќе се разговара за потребите на општината за искористување на средствата од европските фондови во реализација на проекти од интерес за граѓаните. Трајков и Стоилев денес во Општина Свети Николе ќе посетат и успешна компанија корисник на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија наменет за рурален развој (ИПАРД) како петта компонента на ИПА.