Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари.
Ристески инаку е поранешен градоначалник на Општина Прилеп, а моментално ја извршува функцијата заменик министер за економија. Инфомакс објави документ според кој Ристески пријавил дека е каснат од куче, за што добил оштета од 100.000 денари.
„Изминатиов период на еден поткаст, а потоа и на нивниот интернет портал беа искажани и објавени информации дека сум добил 100.000 денари од Општина Прилеп бидејќи сум бил каснат од куче. Точно е дека мината година бев нападнат од куче и каснат, но веста дека сум добил оштета и имало пресуда е целосно лажна. Ако најдат еден денар дека сум примил по овој основ, спремен сум средствата да им ги поклонам“, реагираше Ристески.