При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога, околу 150 килограми. Во рамки на заеднички оперативни активности на полициските и царинските службеници, спречен е обид за меѓународен транспорт на наркотична дрога марихуана, известија од Министерството за внатрешни работи. При детална контрола на товарно моторно возило – камион со скопски регистраски ознаки, извршена на граничен премин Богородица, пронајдена е и запленета значителна количина наркотична дрога, околу 150 килограми, за која дополнително ќе биде извршена форензича анализа и вештачење. Според првичните информации товарното возило влегло од Косово, кое преку Македонија требало да транзитира кон Грција, со крајна дестинација Турција.
Оваа успешна акција е резултат на одличната меѓуинституционална соработка помеѓу МВР и Царинската управа, и претставува потврда за заедничките напори во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија со наркотични средства за што во ноември 2024 година беше потпишан Меморандум за соработка. Истрагата продолжува со цел утврдување на сите инволвирани лица и начинот на организирање на транспортот. Јавноста ќе биде навремено информирана за сите понатамошни детали од случајот. Извор: Новинска агенција МЕТА