Проектот има историско значење за Преспанскиот регион и е од витално значење за зачувување на екосистемот, поттикнување на еко-туризмот и промовирање на земјоделството и културната размена. Денеска беше официјално означен почетокот на обновата на граничниот премин Маркова нога во Преспа, кој ги поврзува Република Северна Македонија и Република Грција. Овој проект е дел од програмата „ЕУ за инфраструктурни подобрувања во регионот на Преспа“, финансиски поддржан од Европската Унија и реализиран од УНДП. На свеченото поставување на камен-темелникот за реконструкција на граничниот премин беа премиерот Христијан Мицкоски, ЕУ Амбасадорот Михалис Рокас, Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан, градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, и директорот на Царинската управа, Бобан Николовски „Реконструкцијата на граничниот премин е од големо значење за граѓаните, бидејќи ќе овозможи подобрување на сообраќајното поврзување, што ќе ја унапреди економската соработка и ќе го зголеми туристичкиот потенцијал на регионот“, изјави премиерот Мицкоски.
Во наредните 16 месеци се планирани интензивни градежни активности, вклучувајќи изградба на нова административна зграда за Царинската управа, нови улични делници и инфраструктурни подобрувања за водоснабдување и канализација. Проектот има историско значење за Преспанскиот регион и е од витално значење за зачувување на екосистемот, поттикнување на еко-туризмот и промовирање на земјоделството и културната размена. Проектот „ЕУ за инфраструктурни подобрувања на преспанскиот регион“ е дел од пошироката иницијатива „ЕУ за Преспа“, која се стреми кон унапредување на Зелената агенда и економската интеграција на Западниот Балкан. Извор: Новинска агенција МЕТА