Погребната миса за папата Франциск започна во 10 часот утрово на плоштадот „Свети Петар“, кој се наоѓа пред истоимената базилика во Ватикан. Мисата на папата Франциск започна со стихови од псалми и пасуси од Светото писмо кои традиционално се пеат или се рецитираат. Погребната маса ја предводи италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре, декан на колеџот на кардинали. На ТВ пренос во живо, се гледа како неговиот ковчег е изнесен од базиликата на плоштадот.
Во Ватикан денеска се повеќе од 50 светски лидери и повеќе од 200.000 граѓани. На погребот на папата Франциск пристигна принцот Вилијам, потоа, американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, украинскиот претседател Володомир Зеленски, италијанската премиерка Џорџија Мелони и многу други државници од целиот свет. Повеќе од 2.000 новинари се во Рим и известуваат за настанот. Извор: Новинска агенција МЕТА