На терен започнавме со градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац во должина од 4200 метри, како и изградба на препумпни уреди, односно ќе се зафати површина од 46 хектари.
Овој дел од населба Илинден е еден од најниските делови од нашата општина и досега воопшто не беше третиран за работа, поради својата сложеност за изведба и проблематичноста во реализација на фекалната канализација.
За таа цел изготвиме нова комплетна техничка документација (основен проект и ревизија на истиот), која го опфаќа овој дел од населбата и која по својата изведба воопшто нема да биде едноставна и лесна, бидејќи има работа и изведба на 2 премини под автотпатот Скопје-Куманово, 4 премини под железничката пруга Скопје-Белград како и еден премин на главниот отворен канал кој минува низ центалниот дел на општината како и работа на подрачје со високи подземни води.
Фекалната канализација од овој дел на населба Илинден ќе се поврзе со веќе изградениот колекторски систем за фекална канализација, кој е поставен на двете страни на главниот отворен канал кој минува низ населените места Илинден и Марино.
Досега во изминатиот период од две години изградивме повеќе од 11 000 метри фекална канализација во повеќе населени места како и пуштивме во употреба нова пречистелна станица во населеното место Илинден и Кадино.Реализацијата на Проектот за Изградбата на фекална канализација со пречистителни станици ќе продолжи и во наредниот период, се со цел на граѓаните да им се обезбедат квалитетни услови за живот и да ја подобрување и унапредиме на животната средина во општината.