Општина Бутел продолжува со реконструкции на улиците на нејзината територија. Денес започна целосната обнова и саниција на три краци на улицата Радишанска во населбата Радишани.
Краците на улица Радишанска во должина од над 500 метри и површина од 1461 метар квадратен ќе добијат асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Градежната офанзива се одвива со силна динамика. Продолжуваме во останатите населени места кои што се опфатени со големата градежна офанзива, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Реконструкцијата на овие улици е во рамките на градежната офанзива што ја најави Општината, во која со инвестиција од 150 милиони денари ќе се обноват и асфалтираат 70 улици.