Во дворот на ООУ “Живко Брајковски” на местото на разрушениот и пропаднат објект започна со изградба новиот рекреативен центар со нов плоштад, нов парк и детски содржини.
На 2️⃣.0️⃣0️⃣0️⃣ м2 ќе се протега новиот парк а новиот плоштад на 5️⃣0️⃣0️⃣ м2. Покрај тоа новиот рекреативен комплекс ќе содржи и 👫 ново детско катче за најмладите, 🧱нова пешачка патека која ќе го поврзува плоштадот со училиштето, 🌳зеленило и 💡ново осветлување.
За прв пат ќе се изгради и амфитеатар кој ќе можат граѓаните да го користат, но и сите ученици за разни манифестации. Ова е едно големо барање на жителите на населбата Бутел 1 кое започна со реализација. Запуштениот, разрушен објект кој ја нарушуваше безбедноста на граѓните замина во историја. Уште едено ветување ќе биде реалност ! Општина Бутел се менува, ветувањата кон граѓаните се реализираат! ✅