19.8 C
Скопје
19/05/2024 11:38
МАКТЕЛ

  

     

 

ЗАПРЕНО ПРОИЗВОДСТВО, ОБВРСКИ, РАБОТНИЦИ НА 70 ОТСТО? – Ван Хол бара спас во нов газда, во игра холандска и белгиска фирма

      

   

Што се случува во една од дсосега најсилните и најуспешните странски инвестиции во земјава, Ван Хол?Извори од компанијата за Фактор велат дека таму се подготвува промена на сопственоста на фирмата мајка, и дека можни купувачи се или холандската компанија VDL за производство на автобуси, или, пак белгиска компанија Dumarey Group.

 

Наши извори велат дека во некогашната македонска гордост за производство на автобуси веќе е стопирано производството, и дека таму е кажано оти оваа состојба ќе трае околу две недели, а работниците се пуштаат на 70 отсто од платата. 

   

     

Наводно информациите што се шират низ работничките кругови се дека причина за ова е лошата состојба односно неизбежниот банкрот на фирмата мајка во Белгија.Дури, се оди дотаму дека и македонскиот Ван Хол има многу неплатени обврски, и тоа кон македонски компании со кои соработува, и тоа оние добавувачи од кои обезбедува превоз, храна за работниците и слично.

Нашите информации говорат дека спасот се бара во продажба на Ван Хол на друг инвеститор, и наводно за тоа се преговара со две компании, една холандска, а другата е Групацијата Dumarey, за што веќе објавија одредени холандски медиуми.Фактор денеска инсистираше за овие и други прашања да поразговара со Аврам Стојчевски, првиот човек на Ван Хол Македонија. 

Но, тој не упати да испратиме прашања на англиски јазик или до компанијата, или до централата во Белгија, на што ние прашавме зошто со компанија која работи со години во Македонија треба да се комуницира на англиски јазик, но тој не не удостои со понатамошна комуникација. А, во отстуство на одговор од Стојчевски, Фактор пренесува текст од холандскиот медиум Омнибус од крајот на март, насловен како VDL vs Dumarey.

Еве што е наведено во тој медиум.„Се уште ќе има пари до 31 март, а потоа касата ќе биде целосно празна“, изјавил Марк Званевелд, соработник на Филип Ван Хул на почетокот на 2024 година.Ко-извршниот директор го презеде управувањето со Ван Хол. Тој беше и оној кој ја презеде водечката улога во развојот на планот за реструктуирање.Бидејќи банкрот повеќе не може да се избегне, Марк Званевелд сега за белгиските медиуми изјавува дека единствениот начин да не се губат работни места и знаење е нов почеток со извесен купувач на компанијата, по нејзиниот банкрот.

„Знаев дека семејството Ван Хул не е на иста страна. Но, сè уште не го знаев влијанието на спорот за наследството… Владата и банките навистина имаа намера да најдат решение. Планот беше многу напорен, но остварлив. Семејството стави крај на тоа. Ван Хол сега е банкрот, неизбежно“, вели кризниот менаџер во интервју за Де Стандард.

Но, има и позитивни работи: во моментов за купување на Ван Хул разговараат две заинтересирани страни. Холанѓаните се заинтересирани за поделбата на автобусите. Производителот на автобуси VDL како дел од VDL Group во соработка со Schmitz Cargobull за приколките, како и Dumarey Group, која е белгиска компанија, со брендот Мелор кој е активен во светот на автобусите, и се заинтересирани да го преземат.

Ван Хол веќе поднел барање за заштита од доверителите во Стопанскиот суд во Мехелен. Тие сакаат да се осигураат дека операцијата е ажурирана. Може да се задржат натамошни мерки со цел да им се даде уште една шанса на преговорите со потенцијалните кандидати за преземање.

Според фламанскиот весник De Tijd, долгот на Ван Хул изнесува речиси 400 милиони евра, додека други белгиски весници споменуваат најмалку 200 милиони евра. Дел од семејството Ван Хол продолжува да ги поседува фабричките згради преку семејната холдинг компанија „Иморок“.

Се споменуваат и фабричките простории и во Македонија, како основни средства кои не се опфатени со претстојната неликвидност и го отежнуваат преземањето.„Останува возбудливо. Администраторите би можеле да почнат со работа по Велигден. Тогаш најдоцна ќе стане јасно дали понудата на Групацијата VDL (со Schmitz Cargobull) или на Групацијата Dumarey е онаа која ќе обезбеди континуирано постоење на традиционалниот белгиски бренд“, пишува овој медиум.

Инаку, Групацијата Dumarey, е белгиска семејна компанија специјализирана за решенија за погонски агрегати.А, на 15 март годинава белгиски медиуми објавија дека белгиската компанија „Ван Хол“ ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки. Компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот.

Тогаш белгиските медиуми пишуваа дека во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три години, до 2027, а производството на автобуси ќе се префрли речиси целосно во фабриката во Македонија, крај Скопје. Една од важните причини е што платата на вработените во овдешната фабрика на „Ван Хол“ е за околу три пати помала од онаа на белгиските работници, пишуваа повеќе белгиски медиуми и специјализираните веб страници за автобуски превози и производство на автобуси.

Од компанијата изјавија дека нема целосно да престанат со производство на автобуси за градски превоз, туку дека ќе бидат поселективни при нарачките. Главната фабрика на „Ван Хол“ во Конингшоикт во Белгија ќе се фокусира на полуприколки кои бараат повисок степен на експертиза и нудат поголема додадена вредност за купувачот, а таму ќе остане и центарот за знаење, истражување и развој, наведоа оттаму.

И тогаш се споменуваше 31 март е поставен како краен рок за преструктуирањето, но се наведе дека за тоа се потребни 45 милиони евра. Новото раководство на компанијата помошта ја гледа во фламанската влада на регионот и банките. Без договор до 31 март може да се случи „Ван Хол“ да поднесе барање за стечај.Причина за кризата во „Ван Хол“, наводно, е конкуренцијата од азиските групи или големи европски автомобилски групи.

Инаку, компанијата е присутна во Македонија повеќе од една деценија. Во јули 2012 година беше поставен камен-темелник кој го означи почетокот на изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. Инаку, се досега, Ван Хол имаше постојано отворен повик за вработувања од разни професии во земјава. Ван Хол важеше за трет најголем извозник во Македонија меѓу странските инвеститори.

    

Најново

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski
Вчитувам....