КПУ Затвор Струмица во соработка со НУЦК „Антон Панов“ Струмица организираше културна посета на театар за група на осудени лица. Настанот се реализираше во рамки на програмата за ресоцијализација и рехабилитација преку култура и уметност.Осудените лица имаа можност да ја проследат театарската комедија „Стилист“.
-Оваа активност претставува дел од поширокиот напор за хумано постапување и подготовка на осудените лица за нивна успешна ресоцијализација и враќање во општеството. Посетата се одвиваше под строго утврдени безбедносни мерки и со претходна согласност од надлежните институции, информираат од Управата.