Затвореници ќе бидат вклучени во акции за пошумување кои ќе се случуваат од идната година, се договориле денеска директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, и заменик-генералниот директор на „Македонски шуми“,Кире Михаилов.
„На средбата донесовме заклучок дека во периодот кој претстои ќе направиме напори за да може затворениците да ги вклучиме во најразлични акции кои се општокорисни и од значење на државата. Во овој контекст, пред се мислиме дека тие луѓе може да ги вклучиме во пошумувањата кои следуваат во наредниве години по пожарите кои ја зафатија Македонија, во одредени конфискации на бесправно посечена дрвна маса каде исто така ние како ЈП „Национални Шуми“ имаме недостаток од кадар и во сето она кое може заеднички да го сработиме. Следува период во кој работите ќе ги менуваме од корен и се она што е во интерес на граѓаните ќе го ставиме во приоритет“, вели Михаилов.