На ден 12.04.2025 година од страна на полициски службеници од ОВР Свети Николе во соработка со претставници од ДПИ, ДТИ, ДСЗ, каки претставници на локални институции извршена е контрола на угостителски објект во Свети Николе сопственост на лицето А.К. при што биле констатирани низа неправилности: неисполнување минимално технички услови за работа, непријавени вработени, непоседување на проценка, план, правилник и елаборат за заштита од пожари, немање систем за детекција за дојава од пожари, немање план за евакуација ,немање хидранти и доволен број на ПП апарати согласно и друго.
Констатирано било и дека објектот е дивоградба односно нема градежна дозвола и се наоѓа на земјоделско земјиште. На сопственикот му е издадено решение за забрана користење на објектот.