Окружниот суд во Ваљадолид осуди петмина навивачи за расистички навреди кон играчот на Реал Мадрид, Винисиус. Тие беа осудени на условна казна затвор од една година. Во тој период, тие нема да можат да влезат на стадион, а ќе треба да платат и казни во висина од 1.000 до 1.600 евра. Како што е наведено, ова е прв пат во Шпанија расизмот на фудбалските стадиони да се третира како злосторство од омраза. За потсетување, инцидентот се случи за време на натпреварот Ваљадолид – Реал во септември 2022 година на стадионот „Хозе Зориља“.
Потоа, откако го напушти теренот, Винисиус беше расистички навредуван од навивачите на Ваљадолид. Патем, играчот на Реал Мадрид постојано е на мета на расисти за време на неговиот престој во Шпанија, а тројца навивачи на Валенсија беа осудени на осум месеци затвор за расистички напад во мај 2023 година