„По вокација сум архитект, а мојата имагинација преку архитектурата ми послужи како отскочна даска. Специјализирана сум и како урбанист во делот на просторното и урбанистичко планирање, каде што можам да го дадам својот импакт во просторот или во сферата каде што архитектурата е главен актер“, истакна Лилјана Затуроска, национален координатор за локална самоуправа при Владата на Македонија, во вчерашното гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува-УЖ“, посветен на улогата на жените во политиката. Затуроска нагласи дека функцијата национален координатор подразбира сериозна и стратешка координација на мерки, политики и стратегии што ги спроведуваат Владата и Министерството за локална самоуправа, во насока на постигнување ефикасна и функционална локална власт.
„Самата функција национален координатор кажува дека треба на некој начин да се координираат одредени мерки, политики, стратегии којшто се креираат од Владата на Македонија. И се разбира Министерството за локална самоуправа којшто се главните сегменти во една цела структура којашто ја викаме локална самоуправа“, вели Затуроска. Затуроска посочи дека е директно вклучена во законодавните процеси поврзани со локалната самоуправа преку Националниот демократски институт, во соработка со меѓународни партнери, со цел подобрување на транспарентноста и борба против корупцијата во општините.
„Во моментов сум и член на законодавното тело коешто е конципирано во рамките на Националниот демократски институт заедно со Швајцарската и Шведската амбасада, во насока на остварување на проектот којшто треба да следи, во којшто се мислам опфатени седум општини, но со тенденција тоа да се прошири во насока на подобрување на ефективноста и ефикасноста во оние сегменти од локалните самоуправи каде што се смета дека генерираат одредени коруптивни дејанија. Значи, сè на сè, тоа е еден спектар на активности кои се дава можност на националните координатори во областа којашто ја застапуваат да ги менаџираат на некој начин и да дадат определен импакт“, нагласи Затуроска. Во однос на женското лидерство, Затуроска ја истакна заложбата на партијата за негово унапредување, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ препознава квалитет и визија, што претставува показател за вистински напредок.
„На минатите локални избори, морам да кажам дека, ВМРО-ДПМНЕ секаде каде што има претседавач на совет има жена и тоа е еден голем исчекор којшто треба да се признае“, заклучува Затуроска.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ