„На режимот во Киев не му требаат граѓани, ниту живи ниту мртви. Нема ниту една нација или етничка група во светот што би одбила да ги закопа своите војници. Но, постои киевски режим кој исповеда мизантропска идеологија и врши геноцид врз сопствениот народ“, изјави Захарова во изјава за Тасс.
Претходно, помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, денеска изјави дека првиот список од 640 воени заробеници и бил предаден на Украина, со цел да започне договорената размена на воени заробеници, но дека Украина го одложила тој процес, како и прифаќањето на телата на своите загинати војници.