Министерството за надворешни работи на Русија денеска по повод тримесечните протести во Србија соопшти дека не смее да се дозволи да владее хаос во земјата која и онака се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици, изразувајќи надеж дека Србија ќе го реши проблемот на мирен начин. „Исклучително е важно демонстрантите, пред се лидерите на јавното мислење, да покажат здрав разум и да не ги следат оние што будат емоции. Не смее да се дозволи во Србија да владее хаос во врска со ова. Земјата веќе се соочува со бројни надворешни и внатрешни предизвици“, се наведува во одговорот на официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на прашањето на медиумите за протестите во Србија.
„Убедени сме дека српскиот народ ќе успее да ја зачува братска Србија како независна, самоодржлива, угледна држава и нема да дозволи земјата да го изгуби својот лик. Го цениме нашето пријателство со Србија и сакаме таа да ги реши своите проблеми на мирен начин како што поскоро“, порача Захарова.