,,Кога излегов од матрицата на жртва и почнав да правам работи за себе, многумина не ме сфатија, за нив тоа беше чудно, невообичаено, себично. Ништо не загубив, само добив. Не ми требаат оние што ме поддржуваат и сакаат само тогаш кога сум жртва, тие низ призмата на таа жртва се гледаат себеси и сето она во што тие се подобри, затоа им годи таа моја верзија.” – Ксенија Николова
📖 #СекојЕВажен, и секој мора да го ужива правото слободно да ја изразува сопствената автентичност пред светот.
🗣️Денес бевме дел од промоцијата на новата книга на нашата писателка Ксенија Николова, која со цело срце твори македонски дела кои засекогаш оставаат белег во нашата пишана култура.
🙏🏻Ти благодариме Ксенија за неуморниот влог во модерната македонска книжевност и ти посакуваме огромна читателска публика.
📚Да читаме дела на македонски автори и да најдеме воздишка во пишаниот збор.