9.8 C
Скопје
18/05/2024 06:21
МАКТЕЛ

  

     

 

ЗАЈКОВА: Јас знам дека имаме грешки, но имаме и бројни позитивни нешта со кои може да се пофалиме како земја

      

Моника Зајкова е храбра млада дама кој умешно плови во политичките води години наназад, а како лидерка на политичка партија вели дека одговорноста за напредокот на земјава е уште поголема и со бројни предизвици. Во јавност може да забележиме дека секогаш е средена и дотерана за приликата во која се појавува и најмногу сака да поминува време со најблиските, особено за празниците кои  носат една посебна топлина,

Јас си ја сакам Македонија. Во политиката влегов заради тоа што сметам дека Македонија има огромен потенцијал да напредува, и заради тоа што не бев пресреќна од тоа како функционира системот поставен пред 30 години, па сега ги лечиме последиците наместо да сме ги превенирале навреме, вели Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и ко-носител во првата изборна единица.

Таа вели дека верува во промени и смета дека секоја промена почнува од секој од нас, а оваа генерација на политичари иако носи бреме од минатото може да покаже поинаков начин на владеење.

-Затоа наместо да заминам останав тука да бидам дел од луѓето кои сакаат да носат тешки одлуки за да обезбедат посигурна и безбедна иднина за нивните деца. Откажување од иднината нема. Благодарам на моите сопартијци, кои како луѓе се еден чекор пред сите и ја препознаа улогата на жените во политиката па ми дадоа можност, токму јас како млада жена да ја предводам нашата партија – ЛДП, вели таа.

   

Градска.мк: Дали сметате дека како жена сте доволно почитувана од своите колеги?

 

Зајкова: Сведочиме дека работите бавно, но сепак се менуваат. Гледаме се повеќе жени во политиката, расте свеста по однос на родовата еднаквост иако тоа не е доволно. Јас со гордост можам да кажам дека секогаш сум уживала почит од моите колеги, сепак не може, а да не кажам дека сеуште постои стигма и дискриминација кон жените. Сеуште жените се соочуваат со вербално насилство, кое често преминува и во физичко.  Време е овој тип на реторика, дискриминацијата врз родова основа, насилството, фемицидот да ги оставиме во минатото. За жените ова не е толку едноставен пат, но среќна сум што докажавме дека и ние знаеме и можеме, дека и ние сме образовани и паметни, а не само поубава половина. Упатувам порака до моите колешки да бидеме се погласни на оваа тема и да бидеме поддршка една на друга. Како либерал-демократка не прифаќам поделба по каков било основ и сметам дека тоа е начинот на кој сите треба да размислуваме и да се прифаќаме и поддржуваме меѓусебно ако сакаме да создадеме подобро општество за сите.

   

     

Градска.мк: Што мислите за вашата противкандидатка Гордана Кочовска-Димитриевска. Со која ќе се соочите во Изборната единица 1?

Зајкова: Јас ги почитувам сите мои колеги, во овој случај и опоненти, па така и неа. Лично не ја познавам но сметам дека жените секогаш знаеле да го одржуваат нивото на дебата и соработка многу повисоко од мажите. Ние живееме во демократско општество и секој има право да има различни ставови и да се залага за различни идеологии. Оттука очекувам фер и демократски избори и позитивна кампања втемелена на ставови. Сите достоинствено да ја претставиме нашата програма и решенија, а на крај граѓаните да одлучат на кого ќе ја дадат довербата.

Градска.мк: Што е она што најмногу би сакале да го смените во земјата?

Зајкова: Се , освен сратешки поставените цели и интереси на државата. Имаме многу работа и во доменот на правосудството и во борбата со корупцијата и во креирањето на по пристапен, инклузивен  и по квалитетен образовен и здраствен систем. Не ми се допаѓа неодговорното однесување кон државата и постојани меѓусебни омаловажувања и навреди на лична основа од кои ниту граѓаните, ниту државата имаат напредок или бенефит. Оној кој работи, може и да погреши. Јас знам дека имаме грешки, но имаме и бројни позитивни нешта со кои може да се пофалиме како земја. Сепак би сакала сите да станеме по свесни за тоа каде ја водиме Македонија. Јас лично би сакала  да создадеме и да живееме во  прогресивна Македонија, во која секој е почитуван и еднаков пред законите и во поглед на права и во поглед на одговорноста.

Држава која е еднаква на масата во Европската Унија. Македонија со висока политичка култура, владеење на правото и прогресивна пазарна економија која создава можности. Ова е многу опширна тема, за која можеме да зборуваме со денови, бидејќи искрено во секоја сфера има напредок, но има и недостатоци на кои мора да работиме и да ги поправаме системски и суштински. Ги следите моите заложби, ние секојдневно креираме политики и покренуваме иницијативи кои навидум изгледаат незначајни, но преку кои може  да постигнеме големи промени кои ќе донесат општо добро.

Сепак, во овој дел најмногу би се осврнала на патот кон членството кон Европската унија. Од основањето до денес либерал-демократите се длабоко посветени на исполнување на оваа државна цел. Сепак ведочиме дека во нашата земја има кочничари за кои не сум целосно сигурна дека исто како нас ги гледаат придобивките од тоа присоединување и сакаат државата да оди напред наместо да тапка во место. Ние донесовме тешки одлуки во тој процес водени од тоа дека нашата земја нема друга алтернатива, а воедно земајќи ги и предвид сите бенефити од тоа членство како порастот на платите, подобро образование, поквалитетни здравствени услуги, конкурентна економија, слободен пазар итн.

Затоа отворено кажувам дека нема да запрам се додека не ја видам Македонија како дел од европското семејство, како земја која седи на истата маса и рамноправно носи одлуки со сите останати. Сметам дека иако можеби сега сме критикувани за ова и прашањето не носи политички поени, некогаш некоја генерација ќе биде благодарна за одлуките.

Градска.мк: Зошто ја избравте ЛДП како партија и зошто останувате со СДСМ во коалиција?

Зајкова: Либерал-демократите, како во земјава, така и на ниво на Европа, се прогресивни, во сегашноста ја градат иднината, гледаат напред и знаат како се работи во функционален систем, затоа сметам дека за мене никогаш немало друга опција, освен да бидам дел од такви луѓе, а сега и горд предводник. Ние во досегашниот мандат бевме дел од Владата предводена од СДСМ и сметам дека заеднички постигнавме огромен напредок, особено во делот на зголемување на платите, успешно менаџирање на кризите од кои создадодвме и енергетски потенцијал, слободата,  но и во делот на евроинтеграциите. Македонија е денес членка на НАТО и има завршен скрининг процес на кој му претстојат преговори по поглавја.

Оттука одлуката да соработуваме со партии кои сакаат прогрес и имаат решенија како работите да ги поправаат. Спојување на Македонија со брзиот воз за Европската унија, зачувување на демократијата и поправање онаму каде потфрливме, а тоа е правосудството беа клучни за одлука да настапиме заедно со социал-демократите, зелените и многу други прогресивни партии. Секако, нормално и природно е во целост да немаме исти ставови за секое прашање, но наоѓаме компромиси, се почитуваме меѓусебно и затоа сметам дека во овој момент е од клучно значење да продолжиме онаму каде што застанавме креирајќи решенија и донесувајќи одлуки. Јас сум убедена дека Европската коалиција ќе победи на претстојните избори бидејќи граѓаните ги препознаваат нашите заложби.

Градска.мк: Кои се вашите приоритети за овие избори?

Зајкова: Нашата програма за претстојните избори е обемна и темелна и секако ги зафаќа сите сфери од општественото дејствување. Секако, меѓу клучните приоритети е членството во ЕУ и реформите кои треба да се направат на тој пат. Во однос на приоритетите, морам да ги напоменам нашите заложби за поголема подобрување на животниот стандард на младите, борбата против корупцијата, еднаквост пред законот, модернизацијата на образованието, бидејќи клучно е да преземаме чекори со кои ќе им овозможиме пристоен живот на младите во нашата земја за тие да останат тука, исто така промените кои треба да бидат направени во здравството, како и новите економски и социјални мерки со кои ќе се овозможи повеќе средства во „џебот“ на граѓаните. Продолжуваме и со грижата кон пензионерите, кои треба да имаат мирни и среќни пензионерски денови и со борбата за создавање поинклузивно општество. Со имплементирањето на политиките кои ние ги креираме креираме силна држава, функционален систем и здрава економска состојба.

Градска.мк: Сметате ли дека сега е вистинско време за легализација на канабисот?

Зајкова: ЛДП прва во својата Програма ја стави легализација на канабисот, а денес сите сведочиме дека се повеќе земји го легализираат и ги користат економските и здраствените бенефити од истиот. Постојат безброј научни докази за неговите позитивни страни. Со целосната легализација ќе им се помогне на пациентите кои имаат потреба од тој лек, што во моментов, согласно изнесеното, од страна на производителите се произведува со помала концентрација од потребната, а од друга страна целосно ќе биде уништен „црниот пазар“, кој сите знаеме дека постои. Статистиките покажуваат дека имаме намален број на корисници на тешки дроги, се сузбива црниот пазар. Односно наместо кај криминалците и подземјето парите одат кај државата која го контролира и квалитетот и количината. Знам дека на многумина им одговора да тргуваат на црниот пазар, но јас искрено се надевам дека ова прашање што поскоро ќе биде затворено и ќе ги видиме позитивните резултати.

Градска.мк: Изминатиот период гледаме ваши видеа кои ве покажуваат во едно поопуштено светло, уживате со милениците, вежбате, го посетивте родниот крај на вашите родители, која е вистинската Моника?

Зајкова: Вистинската Моника е онаа што ја гледате на последните неформални видеа кои беа објавени на мојата фан страна. Жена која го сака животот и се труди да го води на прилично  здрав начин. Ги сакам и луѓето и животните и ме исполнуваат со позитивна енергија. Воедно го поминувам слободното време (кое е се повеќе привилегија) со луѓето кои ги сакам и почитувам. Ми значи што сте забележале дека нешто е променето, а мојата идеја беше да ја „заматам“ сликата на црните кампањи кои ги гледам и оние секојдневни дневни политиканства. Сакам луѓето да видат дека политичарите се всушност нормални луѓе како и сите останати. Дека тоа што сум претседател на партија не ме променило како човек и не сум заборавила од каде потекнува,, туку спротивно, само повеќе ми ја зголемило желбата да работам за доброто на овој народ. Се радувам што имам поддршка од граѓаните и што ме прифатија целосно таква каква што сум.

Соња Танеска

    

Најново

Макроекономските проекции претставени пред ММФ: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Sase Ivanovski

Пукање во Стокхолм: Затворена израелската амбасада, има и приведени

Sase Ivanovski

Масовни напади на Крим, сателитски снимки откриваат уништени моќни авиони

Sase Ivanovski

Иако е на „црната листа“ на САД за корупција, Самсоненко продолжува да гради на плоштадот „Македонија“

Sase Ivanovski

Германија за Преспа: Важно е да нема сомнеж дека новата влада ги почитува обврзувачките договори

Sase Ivanovski

Црвеното злато“ руши ценовни рекорди: Македонија испушта над двесте милиони евра годишно, додека лежи на бакар

Sase Ivanovski

Реакција на членови на ДИК: Неприфатливо е мешањео на политички партии и поединци од техничката Влада во изборните процедури

Sase Ivanovski

Домашен притвор за родителот од Битола, кој во училница за време на настава натепа ученик и наставничка

Sase Ivanovski

Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи

Sase Ivanovski

Љупчо Палевски-Палчо бара да го застапува тим од адвокати, меѓу кои Менкиноски и Страшевски

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

„ВРЕДИ“: Паниката е разбирлива, но злоупотребата на функцијата и притисокот врз судот се неприфатливи!

Sase Ivanovski

Европски фронт: Дали „Вреди“ се согласиле со ВМРО за ревизија на Коридорот 8?

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во беровкста полиција, ЦУК со апел да не се допираат неексплодирани средства

Sase Ivanovski

Автомобил излета од патот Штип – Скопје, двајца повредени

Sase Ivanovski

Приведена девојка од Кочани, нападнала и ограбила 69-годишна штипјанка

Sase Ivanovski

Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен

Sase Ivanovski

Внимание: Секој адекватен простор да се искористи за поставување фотоволтаични панели

Sase Ivanovski

Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра

Sase Ivanovski

Египетскиот претседател Ал Сиси го обвини Израел дека избегнува постигнување прекин на огнот

Sase Ivanovski

По атентатот на Фицо, закана стигнала и до полскиот премиер – Доналд Туск

Sase Ivanovski

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Sase Ivanovski

Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков

Sase Ivanovski

Зајкова демантира дека се приклучува кон ВМРО ДПМНЕ: Тоа се нарачки од партиски ботови

Sase Ivanovski

Тошковски: Високораководни структури во повеќе институции се во спрега со мафијата

Sase Ivanovski

Рама до Бугарија: Политиката на блокада е ужасна, одвратна и антиевропска!

Sase Ivanovski

Пад на германските инвестиции во земјава поради недостигот на стручни кадри

Sase Ivanovski

Британскиот воен аташе во Москва прогласен за персона нон грата

Sase Ivanovski

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија

Sase Ivanovski

Натпревар во печење прасиња и ,,Електрични оргазам” во Куманово: Бесплатен влез за рок настанот!

Sase Ivanovski

БОМБА НА ТЕЛМА: Николовски прв полицаец, Тошковски на Правда, Муцунски Надворешни, Кочовска на чело на финансии ?

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Гордана Сиљановска Давкова со Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ ОТКРИ КАКО СЕ ВИКА ИМПОТЕНЦИЈА НА УНГАРСКИ

Sase Ivanovski

Тошковски во посета на Одделот за воздухопловни единици на МВР

Sase Ivanovski

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Sase Ivanovski

Екстрадиран Бесим Красниќи 

Sase Ivanovski

Еди Рама распали по Бугарија на настан во Тирана организиран од „Солуција“ и Рокфелер

Sase Ivanovski

КОИ СЕ ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ ВО ЕУРОСТАНДАРД БАНКА?

Sase Ivanovski

108 санкционирани возачи во Скопје

Sase Ivanovski

Аваја е единствен политички легитимен претставник на ромската заедница

Sase Ivanovski

МАКРАДУЛИ: „На СДСМ во моментов му требаат и децата на СДСМ, но и ние со белите коси. Ни требаат сите“

Sase Ivanovski

Расчистено разбојништво во Штип, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

МД „Илинден“: Честитки до студентите по македонски јазик во Тирана и критика за УКИМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧО: ТОА ШТО ПЕЕВ “НИКО НАМ НИШТО НЕ МОЖЕ” МИ СЕ ВРАТИ СО ЛОШО, ОД ТОГАШ НАВАМУ САМО ПОРАЗИ НИЖАМ

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур: “Мултилатерализмот останува единствен ефикасен одговор кон предизвиците”

Sase Ivanovski

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: КОЈ МЕ СРЕТНЕ НА УЛИЦА МИ ВИКА СТЕВЧЕ ГЛАСАВМЕ ЗА ТЕБЕ, А ВАМУ ГЛАСОВИТЕ ГИ НЕМА, КОЈ ЛАЖЕ, КОЈ КРАДЕ?!

Sase Ivanovski

Средба Тошковски – Давкова во Вила Водно: Со партнерски однос ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото а Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: МНОГУ МИ Е ДРАГО ШТО НЕ УСПЕА БОЈКОТОТ НА ДУИ И ШТО СИЉАНОВСКА СТАНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА

Sase Ivanovski

Таравари: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

Sase Ivanovski

Министерот Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7, поддршка вредна 30 милиони евра

Sase Ivanovski

Мицкоски: Главен приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ  е силен економски развој за просперитет на Македонија и граѓаните

Sase Ivanovski

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Sase Ivanovski

ФОТО НА ДЕНОТ

Sase Ivanovski

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Маринакис: Употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Sase Ivanovski

Осомничениот за атентатот на Фицо рекол дека е горд на тоа што го направил го подготвувал нападот неколку дена

Sase Ivanovski

Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје

Sase Ivanovski

Сите политички чинители да ги почитуваат меѓународно преземените обврски, порачал Троказ на средба со Џафери

Sase Ivanovski

АНАЛИЗА: Три општини во државата должат по повеќе од 9 милиони евра

Sase Ivanovski

Проблематизирање на спогодбата со Грција

Sase Ivanovski

Во име на „Македонија“: повторно распламтен стариот спор

Sase Ivanovski

Приведен бегалец: осуден на казна затвор од четири години и девет месеци

Sase Ivanovski

Османи во Стразбур на сесијата на Комитетот на министри на Совет на Европа

Sase Ivanovski

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Илијевски: Резолуцијата за Сребреница го става на испит македонско-српско пријателство

Sase Ivanovski

(ФОТО) Бејби Лазања ја одби наградата од 50.000 евра: Му предложи на Пленковиќ каде да ги донира парите

Sase Ivanovski

Мицкоски го повикува Мицотакис да го срушат Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Истекнати права на гордост

Sase Ivanovski

Судската власт не е марионета , порачува Судскиот совет за најавите на Мицкоски за негово распуштање

Sase Ivanovski

Германската амбасада во Приштина смета дека последниот потег на косовската влада не го претставува тоа што го бараше Квинта

Sase Ivanovski

DynamicsMinds конференција собира повеќе од 1,000 учесници во Словенија

Sase Ivanovski

Претседателскиот мандат не е за нови внатрешни и регионални поделби и за изолација на земјата

Sase Ivanovski

Демократијата во опасност

Sase Ivanovski

Добро утро, Македонијо, првите 100 дена на реалност или фантазија?

Sase Ivanovski

Ѓузелов: Нереално е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поништи Договорот од Преспа и ќе го врати старото име

Sase Ivanovski

Алегри беснеел и се заканувал на директорот на „Тутоспорт“: Знам каде да те најдам, ќе те претепам!

Sase Ivanovski

Столе Димитриевски стана голман со најмногу настапи во историјата на Рајо

Sase Ivanovski

Мис Америка се откажа од титулата поради „менталното здравје“: Крунисана нова убавица на нејзино место

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО ГРЦИЈА ЗАБЕЛЕЖАНА СИНА АЈКУЛА Допливала дури до пристаништето во Глифада

Sase Ivanovski
Вчитувам....