МАКТЕЛ

    

За да не се „истепаат“ за трагедијата во Кочани, ќе ги премолчат пратеничките прашања, Собранието две недели на пауза

      

Аргументите Собранието да не работи и неделава биле дека пратеничките прашања може само дополнително да ја зовријат атмосферата, која, според нив, некои партии веќе ја злоупотребуваат и дека тоа во моментов најмалку ни е потребно. Двојните пратенички прашања ја одложија работата на Собранието за уште една недела, зашто претседателот на парламентот Африм Гаши, потпретседателите и координаторите на пратеничките групи се договориле подобро да не работат отколку дополнително да креваат тензии и да го доурнисаат рејтингот на Собранието по трагедијата во Кочани каде што во дискотеката „Пулс“ животот го изгубија 59 млади. Собранието ја прекина работата минатата недела кога беше прогласена седумдневна жалост. Според договорот, пратениците на работа ќе се појават следната недела. Според брифинзи од Собранието, на координацијата, претседателот, потпретседателите и шефовите на парламентарните групи не се усогласиле колку пари да издвојат за семејствата на настраданите во Кочани и одлучиле секој да донира на сметката на Црвениот крст по свое наоѓање и од тоа да не прават помпа во јавноста.

Африм Гаши / Фото: Фејсбук

На координацијата, според брифинзите, Гаши го отворил прашањето како ќе работат неделава откако поминаа деновите на жалост, по што власта предложила да нема седница за опозициски пратенички прашања, која требаше да се одржи минатата недела. В четврток е и редовната седница за пратенички прашања. На ова реагирале од Левица дека Собранието треба да работи и ако нема седници за пратенички прашања, тогаш да нема седници ниту за закони. По ова, ВМРО-ДПМНЕ, Вреди, ЗНАМ, СДСМ и Левица се договориле Собранието да го стават на пауза и неделава. На координацијата не присуствувал само шефот на пратеничката група на Европскиот фронт. Аргументите на власта Собранието да не работи и неделава биле дека пратеничките прашања може само дополнително да ја зовријат атмосферата, која, според нив, некои партии веќе ја злоупотребуваат и дека тоа во моментов најмалку ни е потребно. Да не се даде простор за каква било злоупотреба на трагедијата од Кочани и да се заштитат семејствата и роднините на настраданите. Дека на пратеничките прашања многу лесно може да се „излезе од контрола“, да паднат обвинувања и кавги меѓу пратениците, ситуации на набој и наелектризирана атмосфера, на која Собранието во минатото посведочило. Не помогнале ни ветувањата на претставникот на Левица дека пратеничките прашања нема да ги злоупотребат, дека ќе бидат културни, ќе нема довикувања, погрдни зборови… Аргументите на власта биле да не се дозволи повторно пратениците, односно Собранието, да е највиновно за сè. Опозицискиот СДСМ се согласил со власта.

Пратеници на седница во собрание / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

   

Од Европскиот фронт, пак, како и Левица, сметаат дека парламентот неделава треба да продолжи со работа и да се одржат двете седници за пратенички прашања. Според Европскиот фронт, деновите на жалост поминале и Собранието, како и другите институции, треба да даде придонес во расветлувањето на големата трагедија. Но, координаторот на Европскиот фронт не бил на состанокот кај Гаши за да го каже тоа, а од Левица велат дека не добиле поддршка Собранието да работи и единствено за што се избориле е да нема седници ни за закони. На координацијата било договорено следната недела, на собраниската седница в среда, да има опозициски пратенички прашања, додека редовните пратенички прашања ќе ја чекаат последната недела од април.
Собранието и официјално соопшти дека ги откажува сите активности неделава. „Собранието на Република Северна Македонија ги откажува сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари поради трагедијата во Кочани“, соопшти собраниската прес-служба. Одлуката била донесена на координацијата одржана во Собранието на која присуствувале претседателот на Собранието Африм Гаши, потпретседателката Весна Бендевска и координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди, ЗНАМ и Левица, како и претставник од Влада и генералната секретарка на Собранието. – Присутните консензуално се согласија дека имајќи ги предвид чувствата на сите граѓани по трагедијата во Кочани, изразувајќи почит кон сите загинати и надеж дека повредените ќе се вратат во добра здравствена состојба што поскоро, Собранието да ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица вклучително и брифинг со новинари – се вели во соопштението. Пратениците, иако се претставници на народот, јавно не им се обратија со поддршка и утеха на семејствата на настраданите, освен преку социјалните мрежи.

Кочани им оддава последна почит на загинатите во пожарот / Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Пратениците не се договориле како колектив по колку пари да донираат за семејствата на загинатите и за настраданите од дискотеката во Кочани. Имало предлози секој пратеник да издвои по една плата, една дневница, но заклучокот бил дека колку ѝ да донираат е малку и затоа пратениците сами да одлучат колку пари ќе уплатат на сметката на Црвениот крст. Пратениците се договориле да не информираат дека донирале пари, односно од чинот на хуманоста да не прават публицитет. Сепак, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ уште викендов преку Фејсбук информира дека донирале пари. „Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти. Сите пратеници донираа парични средства на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите што се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста“, објави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

  

Најново

(ФОТО) Остана и без титулата: Мис Шкотска осудена откако изгризала двајца членови на обезбедувањето

Sase Ivanovski

Исклучена струјата на ЈСП Струмица Транспорт, градоначалникот Костадинов вели дека тоа е смислен потег

Sase Ivanovski

ОВА ГИ НАДМИНА СИТЕ ГРАНИЦИ: Јован Јанев објави дека ја напушта Левица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОВА Е МОЖЕБИ НАЈДРАМАТИЧНАТА СНИМКА ОД „ПУЛС“: На неа се гледа колку се влошила ситуацијата во само неколку минути

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ УНИШТИЛЕ РУСКИ ХЕЛИКОПТЕРИ ВО БЕЛГОРОД: Сакаат да му покажат на непријателот дека не е безбеден

Sase Ivanovski

Азизи: Здравствените установи се максимално посветени за обезбедување квалитетен третман и целосна рехабилитација за сите пациенти

Sase Ivanovski

ТРАМП НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД OТПУШТАЊЕ СЛУЖБЕНИЦИ Судот нареди да бидат вратени, американската влада поднесе нов предлог

Sase Ivanovski

Лишен од слобода скопјанец кој со возило удри двајца малолетници во Скопје

Sase Ivanovski

Носел пиштол и нож: Приведено едно лице за пукањето во Прилеп

Sase Ivanovski

Дисциплинска постапка за полицискиот службеник чија службена легитимација беше злоупотребена од неговиот син, кривична пријава за синот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДА СИ КАЖЕМЕ – ДО КАДЕ СЕ ДОПИРА ОДГОВОРНОСТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Антонио Димитриевски: „Естрадата е оставена на маргините во Македонија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студио 10 – Разговор со Александар Ристески

Sase Ivanovski

Митева: До сега направени се 116 вонредни надзори на угостителски објекти- на 10 субјекти се изречени привремени забрани, на 15 им се одземени лиценци, 6 немаат активна лиценца, а 59 добиле прекршочни налози

Sase Ivanovski

РЕЗУЛТАТИ НА КОРУПЦИЈАТА

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА СКОПЈЕ ПРОДОЛЖУВА СО СЕКОЈДНЕВНО МАШИНСКО МИЕЊЕ НА БУЛЕВАРИТЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Петрушевски: Сериозноста бара одговорност, но не и манипулации со трагедијата

Sase Ivanovski

МЗШВ: 80.440.060,00 денари се исплатени од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година

Sase Ivanovski

УЈП: Се приклучуваме кон сочувството и поддршката за сите погодени. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на загинатите и закрепнување на повредените

Sase Ivanovski

„Човечка фигура“ на Сејди Капланај – изразување на човечкиот диверзитет преку сликарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Студио 10 – Разговор со Илија Жежов и Зоран Јакимовски

Sase Ivanovski

Повик за солидарност од Македонски Концепт: Поддршка за Македонија е поддршка за Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Две лица убиени во пукотници во Волково

Sase Ivanovski

Комеморација во чест на вонр. проф. м-р Сара Пројковска – Николовска

Sase Ivanovski

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Sase Ivanovski

Каратистот Видевски негира дека учествувал во убиството на Вања и Панче, се собирале со Палчо и останатите за да го ,,спасат” името на МПЦ

Sase Ivanovski

РЕАЛИЗИРАН КОНСТРУКТИВЕН СОСТАНОК СО ЧЛЕНОВИТЕ НА РКЕ

Sase Ivanovski

Откажаниот концерт сепак ќе се одржи, со хуманитарен карактер за семејствата на настраданите: Мариа Мендеш и Национален џез оркестар за Кочани!

Sase Ivanovski

Филхармонија со хуманитарен настан: ,,Без зборови” за настраданите и повредените во Кочани!

Sase Ivanovski

Сара и Ана беа придружни вокали на ,,Глумците пеат”, шоуто е одложено поради трагедијата: Тие беа дел од нашето семејство!

Sase Ivanovski

СДСМ: Селектитвност не смее да има, да се истражат сите пропусти на МВР во Кочани

Sase Ivanovski

Се проширува тимот на обвинители кои ќе постапуваат по несреќата во Кочани

Sase Ivanovski

Само пет пати може да плаќате без пин – код, шестиот пат ке мора да го внесете!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Радовиш ќе добие современ мултифункционален центар и музеј

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Црвениот крст собрал над 54 милиони денари: По 150 илјади денари ќе добијат семејствата на настраданите во пожарот

Sase Ivanovski

Мицкоски за протестите: Политичките глодари се обидуваат преку трагедии да добијат политички поени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Вие сте платеници, не сакаме новинари“ – Студентскиот пленум не сака да присуствуваат на нивните собири

Sase Ivanovski

Мицкоски: За прв пат имавме раст од 3% и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Sase Ivanovski

Резултати од корупцијата: Мијалков без проблем си го гради спорниот хотел во Горица, наведува Охрид СОС

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска се пуштаат 16 пациенти на домашно лекување, во текот на неделава се очекува 8 пациенти да бидат вратени од странство

Sase Ivanovski

Слаткар и Тони Зен донесоа одлука: Не ни е до песна, не боли, не дави и не можеме да се правиме дека не е така

Sase Ivanovski

ДРЖАВАТА ДАВА 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЗА СТРУЈА Објавени детали кој има право и како да аплицира за субвенции

Sase Ivanovski

Мицкоски: Цената за откуп на тутун е 400 денари по килограм и 100 денари субвенции, продолжуваме посветено да работиме во интерес на земјоделците

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради

Sase Ivanovski

Прегазени жена и дете на велосипед на Партизнска во Скопје – биле на пешачки

Sase Ivanovski

Две лица убиени во пукотници во Волково

Sase Ivanovski

ПУКАНО ВО ВРАБОТЕНА ВО ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ВО ПРИЛЕП Напаѓачот ја демнел подолго време

Sase Ivanovski

КРВАВА ДРАМА ВО ВОЛКОВО Кираџија го убил газдата, па си пресудил – застрелан е и синот на жртвата

Sase Ivanovski

Десетици илјади на протестите во Израел побараа прекин на војната во Газа, да се спасат заложниците и да се променат израелските безбедносни служби

Sase Ivanovski

Најголеми суверени богати фондови!

Sase Ivanovski

ДКСК: ЗАПОЧНАВМЕ ПОСТАПКА ЗА АНТИКОРУПЦИСКА ПРОВЕРКА НА ЗАКОНИТЕ ЗА УГОСТИТЕЛСКА ДЕЈНОСТ, ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ, ЗАКОНОТ ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР, ЗАКОНОТ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА

Sase Ivanovski

Собранието ќе ги откаже сите активности планирани за оваа работна седмица, вклучително и брифинг со новинари

Sase Ivanovski

Приведени тројца крадци во Неготино, одземеното е пронајдено

Sase Ivanovski

Безбедносните стандарди во училиштата да бидат во фокусот на општините

Sase Ivanovski

1603 сообраќајни прекршоци изминатиот викенд

Sase Ivanovski

МВР: Демант – Оградата на мостот Гоце Делчев е санирана

Sase Ivanovski

ДУИ: Одбравме да молчиме од почит, но молкот заврши и сега мора да се зборува

Sase Ivanovski

Скопјанец украл 10.000 евра од менувачница во Чаир

Sase Ivanovski

РКЕ СПРОТИВНО НА ЗАКОНОТ ЗА ЕНЕРГЕТИКА ПОВТОРНО ДОЗВОЛУВА ФАКТУРИРАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ПРОЦЕНКА НА ПОТРОШУВАЧКАТА – Известување

Sase Ivanovski

Склучен Меморандум за соработка со Фондацијата СИЗИГИЈА за реализација на обуки за лица во ризик со цел  нивно вклучување во социјални претпријатија и креирање на  инклузивни работни места     

Sase Ivanovski

Калас во Израел: Страдањето во Појасот Газа мора да заврши

Sase Ivanovski

Русите бесни на Макрон: Тоа што го прави е многу опасно

Sase Ivanovski

Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија

Sase Ivanovski

ПРЕД 50 ГОДИНИ ОТКРИЕН СПОРТСКИОТ КОНЦЕПТ АВТОМОБИЛ OPEL GENÈVE

Sase Ivanovski

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Sase Ivanovski

Уапсен Израелец под сомнение дека шпионирал за Иран

Sase Ivanovski

НОВИОТ OPEL ROCKS ЕЛЕКТРИЧНО ЛЕСНО МОТОРНО ВОЗИЛО ВО НОВО РУВО

Sase Ivanovski

„Голема Србија“ низ диви води?!

Sase Ivanovski

Соопштение за јавноста за злупотреба на веб страната на ФЗО. Oсигурениците да ги заштитат своите лични податоци од измама

Sase Ivanovski

Реагирајте, интервенирајте, додека не е доцна!

Sase Ivanovski

Герасимовски: Започна проектот „Цел Центар на точак”, аплицирајте за субвенција до 3.000 денари

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“: Не сме поврзани со ниту една политичка партија, јавно ги осудуваме сите обиди за партизација

Sase Ivanovski

ЧЕСНИТЕ ЌЕ ПОБЕДАТ Зоран Јовановски за битката од која зависи иднината на Македонија

Sase Ivanovski

Пролетната рамноденица се смета за првиот ден на пролетта на северната хемисфера

Sase Ivanovski

(ФОТО) Трамп навреден од неговит портрет во Капитол во Колорадо: Најлошиот што сум го видел

Sase Ivanovski

Според ГРОМ, ден „Д“ од каде треба да се насочи истрагата е 21.12.2024 год. денот кога УJП, на овој објект му ставила пломба и го затворила. КОЈ ДОЗВОЛИЛ ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ ДА РАБОТИ И ПОКРАЈ ПЛОМБА НА ВРАТАТА И БЛОКИРАНА СМЕТКА?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поправка на М1 Абрамс

Sase Ivanovski

Приведени 343 лица – Протести во Турција по апсењето на Градоначалникот на Истанбул

Sase Ivanovski

Демонстрантите во најголемите градови во Турција излегоа на демонстрации за поддршка на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу

Sase Ivanovski
Вчитувам....