27.8 C
Скопје
01/06/2025 17:08
МАКТЕЛ

     

За една година 461 тужба за каснување од кучиња, најмногу искасани во Аеродром

      

ЈП „Лајка“ плаќа значителни суми за отштети од каснувања, а притоа кај нив постои сомнеж за организиран криминал за што веќе, како што тврдат, имаат и индиции, но имаат забелешки и за целокупната постапка, која се води како надоместок на нематеријална штета по напад или од каснување од бездомно куче. Дури 461 тужба за каснување од куче добила ЈП „Лајка“ минатата година. Тоа значи дека немало ден граѓанин да не биде нападнат од бездомно животно, а понекогаш и два-тројца во денот. Според извештајот на „Лајка“ за 2024 година, најмногу каснувања имало на територијата на општина Аеродром, дури 96, потоа во Кисела Вода 86, во општина Центар настрадале 79 граѓани, 65 во општина Гази Баба, во општина Ѓорче Петров 41, во Карпош 40, 34 граѓани биле каснати во Бутел, 11 во општина Чаир, по 3 тужби стигнале од општините Шуто Оризари и Сарај, една од Студеничани, како и 2 тужби во кои не било наведено местото на причинетата штета. Јавното претпријатие задолжено за хуман третман на уличните кучиња, кои се неколку илјади по скопските улици, плаќа значителни суми за отштети од каснувања, а притоа кај нив постои сомнеж за организиран криминал за што веќе, како што тврдат имаат и индиции, но имаат забелешки и за целокупната постапка, која се води како надоместок на нематеријална штета по напад или од каснување од бездомно куче.

Улични кучиња Фото: Слободен печат/Стефан Крстески

Главните докази што се приложуваат во текот на постапката се потврдата од полициската станица и медицинската документација, а одредени адвокати приложуваат и вештачење.

Во однос на првиот доказ односно потврдата од полициската страница, претставува потврда дека одреден настан е пријавен во полициската станица, но полицијата не излегува на терен да ја утврди фактичката состојба односно не изготвува Записник. Со овој документ се потврдува дека таков настан е пријавен, меѓутоа МВР со тоа не потврдува дека се случил. Дополнително на ова, не се утврдува локацијата на штетниот настан, односно дали навистина во дадениот час и улица се случил напад односно каснување од куче – се вели во извештајот на „Лајка“.

   

Оттаму додаваат дека ретко во кој предмет постои сведок што дал изјава во полициската станица и дека во примените тужби за 2024 година, такви се само два до три предмети. Во ниту еден предмет нема дополнителен доказ, во кој е евидентиран нападот. Поради тоа, како што тврдат од „Лајка“ постои можност настанот да се случил и на приватна површина, дури и надвор од Скопје. Покрај тоа, не се прави ниту идентификација на кучето што нападнало, па освен што може навистина тоа да било бездомно куче, постои можност да станува збор и за куче што има сопственик.

Постапката, технички, е завршена по пријавата во полициска станица, затоа што со утврдената судска практика на ниво на цела Република Македонија, за судот се доволни овие докази и секогаш суди во полза на тужителот – велат од „Лајка“.
кучиња скитници/фото слободен печат / слободан ѓуриќ

Како што се објаснува, во дел од предметите при описот на раната стои гребаница, односно повреда што не ја пробила површината на кожата. Докторот, независно од околностите, не навлегува во вистинитоста на изјавите на пациентот, по службена должност мора на пациентот да му ја даде потребна терапија односно вакцината против тетанус. Притоа, како што е објаснето во извештајот, при самата анамнеза, невозможно е секогаш да се утврди дали повредата настанала како резултат на загриз од куче, а уште помалку од бездомно.

 Основни сомневања имаме и во делот на барањата поднесени до Комисијата по напади и каснувања на Град Скопје и во тужбите доставени до ЈП „Лајка“, каде што пристигнуваат барања односно тужби од припадници од исто семејство дека биле каснати во ист ден од куче и од граѓани што тужат 3 пати. Со цел да се сузбијат сите сомнежи и проблематики, предлагаме низа промени, за кои е потребен широк политички консензус – посочуваат од „Лајка“ во извештајот.

Оттаму предлагаат со секоја пријава по напад и каснување од бездомно куче, со крим-техника да се изврши фотографирање и да се даде опис на раните, а полицијата да бара податок за приближно точното време на каснувањето и наведување на точната локација, сѐ со цел да се изврши проверка со помош на видео снимки од околните објекти или од лицата кои посведочиле на нападот. Во однос на медицинската документација, анамнеза да биде формулирана како мислење на пациентот, а не како став на самиот доктор.

Обвинителство, според „Лајка“, треба активно да се вклучи во целокупната постапка и да ги истражи основните сомневања дека постои организиран криминал во однос на оштетните побарувања, како и да ги истражи наодите дека вештачењата се прават исклучиво врз основа на поднесена медицинска документација, а не врз база на клинички преглед. Обвинителство, како што велат оттаму, треба да го истражува и секој затекнат обид за дислокација на кучиња затоа што тие претставуваат опасност за безбедноста и за здравјето на граѓаните, но и за безбедноста на сообраќајот. Со оглед на тоа дека полицијата, и да затекне, нема надлежност да постапува при дислокација на кучиња.

При спроведувањето на сите овие мерки, доказната постапка ќе добие поинаква димензија, судот по автоматизам нема да ги прифаќа тужбите, ќе се воспостави механизам за директна одговорност на неодговорните сопственици, кои ќе одговараат за штетата причинета од нивниот миленик, ќе опадне бројката на тужби, а со тоа ќе се олесни финансиската состојба на ЈП „Лајка“, со што ќе се подобрат и нашите перформанси – се посочува во извештајот.

   

Најново

По деветти пат низ Скопје ќе се „вози право“: поради трката попладнево посебен режим на сообраќај

Sase Ivanovski

Во јули ќе се знае кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

Ѓоковиќ против Нори ќе игра за историја – може да запише уште една „стотка“!

Sase Ivanovski

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski
Вчитувам....