Со приближување на изборите, ВМРО-ДПМНЕ се враќа на старите практики и продолжува со поларизација со ДУИ, пишува во фејсбук-статус лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, чија партија е дел од коалицијата на опозициски партии на Албанците, „Вреди”. Критиката од Меџити до ВМРО-ДПМНЕ доаѓа среде секојдневното испраќање пораки меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди” за соработка во идна влада.Изет Меџити, лидер на Демократско движење и дел од коалицијата „Вреди“За Ослободителната народна армија (ОНА), позната како УЧК, Изет Меџити вели дека е света за сите нив.